Од силното невреме што го погоди речиси целото албанско крајбрежје, создавајќи високи бранови во морето, две лица го загубиле животот, а 15 други се спасени. Во Драч скутер бил погоден од брановите во Ѓири и Лазрит, при што момче на 33-годшна возраст кое управувало, им подлегнало на повредите во болницата во Драч. Исто така, во Драч го загубила животот и една жена на 50-годишна возраст, која била извлечена од водите и била однесена во болница каде и починала. Албанската гранична полиција спасила 14 лица, од кои девет чешки туристи кои биле блокирани во лагуната Вилун кај Велипоја.