Романската премиерка бара построги казни по убиството на тинејџерката
Шефот на романската полиција, Џон Буд, утрово беше сменет од функцијата токму поради овој случај. Илјадници луѓе протестираа минатата ноќ поради однесувањето на властите во овој случај и ги обвинија романските власти за небрежност, недостаток на вештини и недостиг на емпатија. Демонстрантите тргнаа одВладата до министерството за внатрешни работи, каде што запалија свеќи. Тие извикуваа слогани против владата - "Оставка", "Корупцијата убива", "Доле влада". За убиството на 15-годишната Александра, уапсен е Џорџ Динка, осомничен за трговија со малолетници и силување.