Во Санкт Петребург одбележан Денот на руската морнарица
„Ќе изградиме флота единствена по своите можности, конструирана да трае долго, флота на силна и суверена држава“ порача Путин на парадата.
Во манифестацијата биле ангажирани околу 4.000 војници, 43 бродови и 41 хеликоптер и авион, кои ја претставуваа Северна, Балтичка, Црноморска, Тихоокеанска и Касписка флота. Прв пат на парадата учествуваат и бродови на други држави, како што се фрегата на Воена морнарицана Индија „таркеш“ и разорувачот „сианг“ на Воената морнарица на Кина. Одбележувањето ќе заврши со свечен огномет над Нева, а парадата се одржува денеска и во другите руски градови.