Иран го обнови нуклеарниот реактор
Иран во мај ги соопшти своите планови да го прекрши договорот склучен во 2015 година со неколку светски сили, откако САД се повлече од спогодбата и ги обнови санкциите против Техеран. На почетокот на јули иранскиот претседател Хасан Рохани соопшти дека неговата земја планира да почне со збогатување ураниум и ги обнови своите активности во Арак, доколку страните од договорот не ги почитуваат преземените обврски кон Техеран.