Двајцата повредени рудари се во стабилна состојба
Директорката на болницата, Снежана Захариева, изјави дека двајцата рудари се надвор од животна опасност.
„И двајцата се во стабилна состојба, со оглед на тоа што имало експлозија со голем притисок што може да доведе до оштетување на долните респираторни патишта и на ушното тапанче кај рударите се направени прегледи од страна на специјалисти по интерни болести и специјалист по уво нос и грло, не се констатирани повреди, направени им се лабараториски испитувања кои се уредни“, изјави Захариева.