Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Заев: Не може да ми се „накалеми“ идеолошката машинерија на Груевски

По бурните реакции во јавноста од интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката телевизија Алфа, тој на својот Фејсбук профил напиша во интервјуто бил прашан за минатите штетни политики на национализам и антиквизација и дека одговорил  оти поранешната власт преку обидот за антиквизација успеа да ја скара земјава со сите соседи и цела деценија да ја држат во изолација.


„Не може мене да ми се накалемува нешто што не јас, туку Груевски и неговата идеолошка машинерија го правеа 10-11 години. Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива да оправдаат идентитетски инженеринг. Не македонскиот народ, туку Груевски и неговата пропаганда спроведоа идентитетски инженеринг за да насадат нешто што не е природен, ниту суштински дел од македонскиот национален корен, напиша Заев на својот профил. 


Претходно, викендов во медиумите следуваше бура од реакции за изјавата на Заев, со која говори за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени, но и за присвојување на, како што вели, туѓа историја како наша.


„Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО“ изјави за грчката телевизија Заев.


Заев на Фесјбук напиша дека под закрила на идентитетските дебати, претходната власт фрли земјата во изолација, изврши криминал поради кои се соочува со правдата. Јас, додава Заев, ја вложив целата моја политичка сила за да решам прашања за иднината и за сите идни генерации.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus