СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ бара алиби за неприфаќање на предлог законот за ЈО
“Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи предлагаа спојување на СЈО во ОЈО. Во ниту еден амандман не се бараше прекин на мандатот на обвинителката Русковска, односно, како што е и со сегашниот предлог, да продолжи да ја врши функцијата”, наведуваат од СДСМ.
Според владејачката партија со ова се потврдувало дека само “бараат алиби за неприфаќање на законското решение.