Бритиш ервејс ги суспендираше летовите кон Каиро
Бритиш ервејс во денешното соопштение наведува дека откажувањето на летовите е поради внимателност која треба да овозможи понатамошна процена. Претставници на каирскиот аеродром велат дека откажувањето на летовите следува откако британски претставник неделава спровел редовни безбедносни проценки на аеродромот.
Портпаролот на Бритиш ервејс на наведе што е причината за суспензијата која доаѓа во период во кој Велика Британија разгледува како ќе одговори на иранската заплена на бродот со британско знаме во Ормускиот теснец.