Жбогар: „Рекет“ е демонстрација на владеење на правото
„Сметам дека она што моментално го презема Јавното обвинителство е демонстрација на функционално владеење на правото. Самиот факт дека ЈО почнува да работи на случаи на корупција, а не само СЈО покажува дека има напредок и тоа е добро“, изјави Жбогар денеска во Слатино.
Тој порача и дека СЈО во изминатите години завршило многу добра работа и таму работат инзворедни правници и истражители.
„Очекувам дека политичките лидери, кои се надевам дека ќе се сретнат на утре ќе се обидат да најдат решение за иднината на СЈО во рамки на Јавното обвинителство, рече Жбогар.