ЕП бара Русија да ги ослободи незаконски притворените Украинци
Резолуцијата исто така повика на ослободување на мирните демонстранти, кои беа уапсени на Црвениот плоштад во Москва на 10 јули, како и на 24 украински морнари кои беа притворени од руските сили, а нивните три поморски бродови запленети во ноември, во близина на протокот на Керч.
Резолуцијата на новоизбраниот Европски парламент ја повикува Русија "да објави целосна листа на затвореници што се наоѓаат на окупираните украински територии во Донбас и Луганск и да го олеснат нивниот контакт со семејствата и адвокатите". Во резолуцијата има и предлог дека ЕУ треба да воспостави "постојан мониторинг на судските процеси на жртвите на политички прогон во Русија и окупираниот Крим".