Иранската државна телевизија јави дека Револуционерната гарда на земјата запленила странски танкер со 12 членови на екипажот. Според медиумот, танкерот пренесувал гориво од ирански шверцери на странски купувачи и бил пресретнат во Ормутскиот теснец. Не се знае од која држава е танкерот и националноста на членовите на екипажот.