Владата ги задолжи сите органи на државната управа на своите интернет страници да објават линкови од објавените годишни планови за јавни набавки, огласите за јавни набавки, известувањата за склучен договор и склучените договори и известувањето за реализиран договор за 2019 година, преку автоматско преземање на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и истото да го вршат континуирано, соопшти владината прес-служба.
Доколку немаат своја интернет страницата, овие државни органи се должни објавите да ги направат на интернет страниците на институцијата под чијашто надлежност работат, соопшти Владата.