9.000.000 денари од Планот за чист воздух за студентскиот дом „Кузман“
Со оваа одлука, соопштија од Владата, согласно препораките од Планот за чист воздух и од Програмата за намалување на аерозагадувањето на Владата, ќе се замени системот за затоплување на домот за кој сега се користи мазут кој емитира повеќе од 28 килограми PM 2.5 честички и исто толку PM10 честички годишно.
„Со оваа одлука, студентскиот дом ќе биде претплатен на системот за централно греење во Град Скопје. Трошоците за греење ќе останат слични, додека загадувањето за загревање на студентскиот дом ќе се намали за седум пати“, велат од Владата.