Мицкоски побара притвор за Јанева и обвини за вмешаност на власта
„Компромитираното СЈО е завршена работа, а првиот чекор треба да биде притвор за Катица Јанева и за сите други вмешани во овој криминален октопод. Исполнети се сите услови“, рече Мицкоски.
Според него, вчера граѓаните биле сведоци на втор криминален октопод на СДСМ предводен од Зоран Заев, но овој пат, како што порача, поголем со изразено криминално рекетарска медиумска спрега на високи функционери на власта. Тој воедно повика и на оставка на Владата и одржување предвремени парламентарни избори.