Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјави дека повредите на кои често се жалат мигранитите се поради тешкиот терен, застанувајќи во одбрана на хрватските полицајци кои се критикувани поради односот кон мигрантите и бегалците.
Таа истакна дека е против поставување жица на границата со Босна и Херцеговина „во која живеат Хрвати“, нагласувајќи оти била во право ја критикувала политиката за бегалци на германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува МИА.
Китаровиќ го критикуваше и односот на властите во БиХ кон мигранстската криза.