МВР ја демантира изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека полициски службеници го следат од политички мотиви и подготвуваат негово апсење.
„Злоупотребата на МВР беше карактеристика токму на партијата чиј претседател е Мицкоски и токму поради тоа во изминатите две години во Министерството за внатрешни работи се спроведоа и во тек се реформи кои имаа за цел искоренување на незаконитите дејства“, наведуваат од МВР.
Од МВР посочуваат и дека на Мицкоски на негово барање, од минатата година му е доделено обезбедување од припадници на МВР.
Мицкоски, во интервју за Алфа ТВ изјави дека по последната полициска акција во која беа уапсени десетина лица, меѓу кои и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, тој рече дека веќе има план во случај на негово апсење.