Албанија- Мета не се обрати, прес држеа неговите советници
Дервишај истакна дека дебатата која денеска се водеше во Парламентот преполна со обвинувања и навреди не е во прилог на решавање на кризата или социјалниот мир во земјата. Тој додаде дека одлуката на претседателот Илир Мета за одложување на изборите е целосно согласно Уставот и никој не може да ја испита нејзината уставност освен Уставниот суд. Правниот советник нагласи дека секој политички или друг субјект кој смета дека претседателот делувал спротивно на Уставот може да бара испитување на уставноста.
Претходно албанскиот Парламент со 100 гласови „за“, седум против и два воздржани ја усвои резолуцијата со која ја отфрла уредбата на претседателот Мета за одложување на изборите, како чин со кој го крши Уставот. Усвојувањето на овој документ се оценува како прв чекор за разрешување на шефот на државата