Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Албанија- изгласана резолуција против одлуката на претседателот Мета

Албанскиот парламент ја изгласа резолуцијата предложена од пратениците од владејачкото мнозинство против одлуката на претседателот Илир Мета за одложување на изборите, што претставува прв чекор кон негово разрешување, јави дописничката на МИА од Тирана. Од присутните пратеници во собраниската сала „за“ резолуцијата се изјаснија 100 пратеници, 7 беа против, двајца воздржани и еден пратеник не гласаше.


Бројот на гласови што ја поддржаа резолуцијата, изненади многумина, кои беа сигурни дека пратениците од новата опозиција нема да гласаат, што го навестуваа и во нивните дискусии. Гласањето следуваше по повеќечасовна дебата во која учествуваше и премиерот Еди Рама, кој рече дека одлуката на Мета да ги одложи локалните избори закажани за 30 јуни не може да се толерира. Според Рама, со оваа одлука Мета ги надминал сите уставни надлежности како шеф на државата.


Инаку, во усвоениот документ, меѓу другото, стои дека албанскиот Парламент уредбата на претседателот Мета за одлагање на локалните избори ја смета за „апсолутно неважечки чин, донесен вон уставните и законските овластувања на институцијата претседател и како таков се смета за ништовен и како никогаш да не постоел“. Исто така се искажува целосна поддршка на одлуката на Централната изборна комисија за продолжување на изборниот процес.


Разолуцијата, според Уставот, треба да биде доставена до Уставниот суд, кој треба да одлучи дали ќе го разреши или не шефот на државата. Но, оваа највисока судска инстанца не функционира повеќе од една година. Во моментот има само еден судија и тој со завршен мандат, другите осум беа разрешени откако не помина во процесот ветинг, односно неможност да го оправдаат потеклото на имотот.


И доколку се направи итен обид за негово профункцонирање тоа не може, зашто тројца од членовите ги предлага претседателот на државата, тројца Врховнот суд, кој исто така не функционира и тројца парламентот.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus