Хаменеи со порака до Јапонија дека Иран нема да преговара со САД
Хаменеи на посетата со Абе во Техеран порачал и дека американскиот претседател Доналд Трамп не е „достоен за каква било размена на пораки и дека нема никаков одговор за него, ниту сега, ниту во иднина“.
Тој изјави и дека ветувањето на Трамп оти нема да бара промена на режимот во Иран е лага и оти не верува во понудата на Вашингтон за искрени преговори со Иран.