Добавить новость


World News in Macedonian
Ria.city


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Март
2025

Новости за 13.03.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Гренланд гласаше за промени, победи десниот центар

Парламентарните избори на Гренланд на 11 март донесоа изненадувачки победник и две јасни пораки: отфрлање на желбата на американскиот претседател Доналд Трамп за оваа артичка територија и сигнал дека независноста од Данска може да дојде – но со побавно темпо. Опозициските Демократи, централно-десничарска либерална партија, завршија на првото место со речиси 30 отсто од гласовите, пред партијата која цврсто се залага за независност, која освои 24 отсто. Изненадувачки, партиите од владејачката коалиција ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ерменија и Азербејџан го финализираа мировниот договор, но пречките остануваат

Ерменија и Азербејџан, кои од доцните 1980-ти водеа низа војни, го финализираа текстот на долгоочекуваниот мировен договор чија цел е воспоставување формални односи. Тоа е значаен чекор кон ставање крај на децениските непријателства. Ерменското Министерство за надворешни работи (МНР) на 13 март потврди дека Ереван ги прифатил предлозите на Азербејџан за двата преостанати члена од договорот кои беа неусогласени. Со тоа практично се завршуваат преговорите за текстот на документот. Официјален Ереван... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вајц реагира за „притисок од владината коалиција кон членовите на Судскиот совет“

Во писмена изјава до медиумите, известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Северна Македонија Томас Вајц денеска (13 март) реагираше за „притисокот на владината коалиција членовите на Судскиот совет да поднесат оставки или да бидат разрешени поради нивната наводна политичка припадност“. „Овој повик од страна на Владата е загрижувачки знак за политичко мешање во судството. Независноста на судскиот систем е клучна за владеењето на правото и поделбата на власта, коишто се темелни вредности на патот на Северна Македонија кон ЕУ“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Минатата недела пријавени еден смртен случај поврзан со грип и 2347 заболени

Во текот на минатата недела (до 9 март) биле пријавени еден смртен случај поврзан со грип и 2347 заболени лица, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Бројот на нови пријавени случаи е помал за 8,6 проценти во споредба со неделата претходно, но во споредба со истиот период лани е зголемен за дури 5,5 пати. Од новозаболените, 1.454 се во возрасната група од 15 до 16 години. 516 се деца на возраст од 5 до 14 години, а 198 се лица на 65-годишна возраст. Меѓу заболените се и 179 деца под 4 години. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Се разотидоа демонстрантите пред телевизијата Н1 во Белград

Стотината демонстранти кои претходно во текот на денот (13 март) се собраа пред телевизијата Н1 во Белград се разотидоа попладнето околу 13:30 часот. Полицајци со штитови дојдоа пред телевизијата, дваесетина минути откако се собра групата демонстранти. Насобраните лица носеа транспаренти на кои пишуваше „Каде ви е шефот“, скандираа „Не ја даваме Србија“ и не дозволуваа никој да влезе или излезе од дворот. Телевизијата Н1 објави дека не се знае зошто се собрале. За време на блокадата, репортерката... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Агелер: Внимателно ги следиме изјавите за интерпелациите на Судскиот совет

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела Агелер, изјави дека не може да ги коментира интерпелациите во Собранието за петте члена на Судскиот совет, но упати порака дека внимателно ги следат случувањата. „Јас не можам да ги коментирам. Многу внимателно ги следиме процедурите во Собранието и изјавите во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет. Она што е најважно за секој од овие случаи е да се следи на начин што е јасен и транспарентен за сите оние кои го набљудуваат“, изјави Агелер на 13 март. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Доживотен затвор за обвинетиот за убиството кај Мавровка

Доживотен затвор доби обвинетиот Елвин Куртовиќ за убиството на едно лице кај трговскиот центар Мавровка на 20 август минатата година. Пресудата, која е првостепена, беше изречена денеска (13 март) во Основниот кривичен суд Скопје откако Куртовиќ претходно призна вина. Жртва на ова убиство беше скопјанецот Васил Ефтимов, а случајот беше во фокусот на јавноста бидејќи обвинетиот од претходно имал кривично досие, а истиот ден по убиството пукаше и кон четворица полицајци. Судијката Моника Бахчовановска... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кос: Патувањето на Албанија кон ЕУ е сигурно и вистинито

Еврокомесарката за проширување и соседска политика, Марта Кос, која денеска (13 март) престојува во Албанија, порача дека патувањето на земјата кон ЕУ, е сигурно и вистинито и оти Албанија заслужува да биде дел од ЕУ, зашто е „шампион за регионалната соработка“. „Геополитиката денес ни покажува дека се е можно и вашиот пат кон ЕУ е безбеден и вистинит. Процесот за членство треба да биде проект на сите албански граѓани. Според мене, важно е пристапниот процес да биде проект на целото албанско општество. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Тешко до заедничко старателство и преку Граѓански законик

Законот за семејство ги става децата на средина на битката меѓу родителите кои се разведуваат, смета здружението „Наши“ кое бара да се воведе заедничко старателство. Но од Националната мрежа против семејно насилство предупредуваат дека овој модел, иако е добар, тешко би се имплементирал, додека властите планираат да го вметнат во Граѓанскиот законик.

SlobodnaEvropa.mk 

Непознати лица го блокираа влезот на телевизија Н1 во Белград

Група од околу стотина непознати лица се собрала пред влезот во дворот на редакцијата на телевизијата Н1 во Белград. Насобраните носат транспаренти на кои пишува „Каде е вашиот шеф и извикуваат „Нема да се откажеме од Србија“ и не дозволуваат никој да влезе или да излезе од дворот. Телевизијата Н1 објави дека не се знае зошто се собрале. Полицијата со штитови пристигнала дваесетина минути откако се собрала групата луѓе. Репортерот на Н1 се обиде да открие кои се луѓето кои се собрани пред капијата на телевизијата. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Рации на белгиската полиција поврзани со истрагата за корупција во Европскиот парламент

Белгиската полиција извршила рации на неколку адреси во земјата како дел од истрагата за наводен корупциски скандал во Европскиот парламент, соопштија денеска (13 март) федералното обвинителство. Неколку лица се приведени на распит поради нивна „наводна вмешаност во активна корупција во Европскиот парламент, како и за фалсификување и употреба на фалсификати“, соопшти обвинителството. „Околу 100 полицајци учествуваа во операцијата во која беа извршени 21 претрес низ Белгија и Португалија“, се додава во соопштението. Читать дальше...




SlobodnaEvropa.mk 

Киргистан и Таџикистан постигнаа договор за завршување на граничниот спор

Претседателите на Киргистан и Таџикистан, Садир Јапаров и Емомали Рахмон денеска (13 март) потпишаа договор за демаркација, со кој се бара да се стави крај на долготрајниот пограничен конфликт во кој имаше десетици мртви од двете страни во последните години. Договорот, кој беше потпишан во главниот град на Киргистан, Бишкек, предвидува повторно отворање на патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај, кои се суспендирани од септември 2022 година. Киргистан и Таџикистан повеќе пати се судрија околу... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор на Јахоски

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го обжали домашниот притвор на Асмир Јахоски, сопственик на компанијата „Пуцко петрол“, кој му беше одреден по последната полициска акција за аферата со мазут. „Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го разгледа Решението со кое не се прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор и на осомничен му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра

За две години државните институции набавиле нови патнички возила за 8,5 милиони евра. Од нив дел се купени, а дел земени на лизинг, покажуваат покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година и отворената база на податоци на договорите за јавните набавки на возилата. Меѓу сите купени возила се и 45-те владини автомобили, секое по 50 илјади евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

ОН го обвинуваат Израел за сексуално насилство врз Палестинците

Експертска комисија на Обединетите Нации го обвини Израел дека извршил сериозни прекршувања на човековите права, вклучително и употреба на сексуално насилство како средство за угнетување и контрола на палестинското население. Израел категорично ги отфрла наводите, нарекувајќи ја комисијата пристрасна и обвинувајќи ја дека применува различни стандарди за Израел отколку за другите страни. Во извештајот објавен во четврток (13 март) се вели дека сексуалното и родовото насилство „станало се почеста и појава“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Германските конзервативци ги започнуваат разговорите за коалиција со СПД

Германскиот победнички конзервативен блок денеска треба да ги започне коалициските разговори со централно-левичарските социјалдемократи (СПД) на канцеларот во заминување Олаф Шолц, во обид да ја формираат следната германска Влада, јави ДПА. Откако обезбедија јасна победа на парламентарните избори во февруари Демохристијанската унија (ЦДУ) и нивната баварска сестринска партија Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) во прелиминарните разговори со СПД се договорија за голем број клучни точки за работаата на идната влада, додава германската агенција.


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus