Добавить новость
World News in Macedonian
Ria.city


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Январь
2025

Новости за 13.01.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Нови ограничувања од САД за извоз на чипови со вештачка интелигенција

Соединетите Американски Држави денеска (13 јануари) претставија нови правила за извоз на чипови што се користат за вештачка интелигенција, зголемувајќи ги напорите во последните денови на Џо Бајден на претседателската функција, да го отежнат пристапот до напредната технологија на Кина и на другите ривали. Ограничувањата следат по мерките објавени во 2023 година за извоз на одредени чипови за вештачка интелигенција во Кина, која САД ја гледаат како стратешки конкурент. Во последниве години, Вашингтон... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Руте: НАТО е загрижен за ситуацијата во БиХ и Косово

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска (13 јануари) рече дека Северноатлантската алијанса е особено загрижена за ситуацијата како во Босна и Херцеговина, така и во Косово. Говорејќи во Европскиот парламент за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Руте подвлече дека е од суштинско значење да не се создава безбедносен вакуум во земјата. Тој ја изрази својата целосна поддршка за мисијата АЛТЕА и додаде дека алијансата ќе одржува блиски контакти на сите нивоа за да обезбеди заеднички ефикасно... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

САД ја означи екстремната десничарска мрежа „Терорграм“ како терористичка група

Соединетите Американски Држави денеска (13 јануари) воведоа санкции за екстремно десничарската онлајн мрежа „Терорграм“, означувајќи ја како терористичка група и обвинувајќи ја за промовирање на насилна надмоќ на белата раса. Американскиот Стејт департмент во соопштението наведе дека групата, која првенствено функционира на социјалната мрежа Телеграм, и тројца нејзини лидери – од Хрватска, Јужна Африка и Бразил – се обележани како специјално означени глобални терористи. Стејт департментот соопшти... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Прва трансплантација на коска од починат донор на прсти кај 13-годишник

Министерството за здравство (МЗ) попладнево (13 јануари) информира за успешна трансплантација на Клиниката за ортопедија, со имплант, односно коска од починат донор, на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија. Според информациите од МЗ, во Северна Македонија за прв пат е извршен ваков тип на трансплантација, а детето има уреден постоперативен тек. Проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација во објавата на социјалните мрежи му честиташе на тимот предводен од д-р Даница Поповска и доц. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Џихадистите убиле најмалку 40 фармери во западна Нигерија

Припадници на екстремистички исламски групи убиле најмалку 40 земјоделци во североисточната нигериска држава Борно, изјави денеска (13 јануари) владин претставник. Борците на „Западноафриканска провинција на Исламска држава“ (ISWAP), која застана на страната на т.н. Исламска држава, вчера приведоа десетици земјоделци на обалата на езерото Чад и ги стрелаа, наведува во соопштението, Усман Тар, државен комесар за информации во Борно. Земјоделците, според Тар, излегле од безбедните зони во кои војниците овозможуваат земјоделие и риболов... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Српските студенти се оградија од екстремистичките и националистичките симболи на протестите

Студентите кои се дел од блокадите во Србија, денеска (13 јануари) се оградија од екстремистичките организации и националистичките обележја кои се појавија еден ден претходно за време на протестот пред Уставниот суд во Белград. „Присуството на нивните знамиња и транспаренти во првите редови на протестот не е во согласност со нашите вредности и цели“, се вели во соопштението. Дел од учесниците на протестот носеа и знамиња со симболи на ентитетот на Босна и Херцеговина, Република Српска, како и... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Предмет „Тврдина“: Затворски казни за Грујевски, Бошковски и Јакимовски, Јанкулоска ослободена

За злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК, Судот денеска (13 јануари) ги прогласи за виновни обвинетите Тони Јакимовски и Валентина Симоновска, кои беа присутни во судница, како и Горан Грујевски и Никола Бошкоски, екс разузнавачи кои избегаа во Грција и на кои им се судеше во отсуство. За делата злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа обвинетиот Тони Јакимовски беше осуден на една единствена казна затвор од три години... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Барањето за поголема плата ќе извади дел од администрацијата на протест

Стари барања на јавната администрација во новата година. Незадоволството од платите на службениците делумно ќе се одрази врз работата на институциите, од каде за утре најавуваат протест кој следува по штрајкот што минатата недела го отпочнаа вработените во Државното правобранителство.

SlobodnaEvropa.mk 

ЕК ги отфрли обвинувањата на Цукерберг за цензура на социјалните мрежи

Извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хена Виркунен ги отфрли обвинувањата на првиот човек на „Мета“, Марк Цукерберг дека ЕУ се обидува да ги цензурира социјалните мрежи, оценувајќи ги ваквите тврдења како лажни.  „Знаеме дека тоа не е вистина. Во Европа слободата на говорот е една од нашите фундаментални вредности и таа, исто така, се почитува и е заштитена со нашиот Закон за дигитални услуги (ДСА). Значи, многу е погрешно да се каже нешто такво, изјави Виркунен за „Политико“. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Речиси 19500 мигранти престојувале во Србија лани

Во текот на 2024 година во прифатните и азилантските центри во Србија престојувале 19483 мигранти, што е за 82,10 отсто помалку од 2023 година, соопшти Комесаријатот за бегалци и миграција. Најмногу мигранти имало од Сирија (38,19 отсто), Авганистан (19,93 отсто), Турција (11,95 отсто), Мароко (6,55 отсто) и Ирак (3,44 отсто). Во Србија престојувале во просек по 14 дена, соопштија од Комесаријатот. Во центрите моментално има 416 лица, кои се сместени во седум центри за прием и азил. Моменталното... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Напредок во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Американските и арапските посредници постигнаа значителен напредок во посредувањето за прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинската група Хамас и ослободувањето на десетици заложници кои се уште се држат во Појасот Газа, но конечниот договор сè уште не е постигнат, изјавија денеска (13 јануари) официјални лица. Хамас е прогласена за терористичка организација од страна на САД и ЕУ. Според тројца функционери, наредните денови ќе бидат клучни за ставање крај на борбите кои траат повеќе... Читать дальше...




SlobodnaEvropa.mk 

Галопира ракот на бели дробови - 870 нови пациенти годишно

Лани само Клиниката за онкологија имала 725 нови пациенти со рак на бели дробови, што е 100 повеќе во споредба со пред пет години. Има алергии, инфекции, луѓе се жалат на главоболки што не им поминуваат, вели д-р Андон Чибишев. ЕК утврди дека Северна Македонија има најмногу смртни случаи во Европа како последица на загаден воздух.

SlobodnaEvropa.mk 

Италија ослободи Иранец баран од САД поради наводна вмешаност во напад со дрон

Техеран потврди дека ирански државјанин се вратил дома откако бил ослободен од Италија, и покрај барањето на Вашингтон за негова екстрадиција во Соединетите Држави поради неговата наводна вмешаност во смртоноснен напад со беспилотно летало во Јордан. Италија го ослободи 38-годишниот Мохамад Абедини на 12 јануари, четири дена откако Техеран ја ослободи 29-годишната италијанска новинарка и водител на поткаст Сесилија Сала, иако ниту една страна не спомна размена на затвореници. Откако беше објавено... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Расте бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес, најмалку 24 мртви

Најмалку 24 луѓе загинаа во големите шумски пожари кои продолжуваат да ја пустошат областа Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, соопштија градските медицински власти. Шеснаесет од жртвите се поврзани со пожарот Итон во близина на Пасадена, а осум други со пожарот Палисејдс во областа Пацифик Палисејдс. Од вторникот има неколку големи пожари во регионот, но овие два се најтешки, пренесува ДПА. Локалните власти стравуваат дека бројот на загинати може да продолжи да расте,... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Убедлива победа на Милановиќ за втор мандат

Актуелниот претседател на Хрватска и кандидат на СДП и нејзините партнери Зоран Милановиќ победи на претседателските избори. Ова го покажаа првите нецелосни резултати од вториот круг на претседателските избори што ги објави Хрватската Државна изборна комисија (ДИП). Според привремените резултати на ДИП, Милановиќ освоил 74,68 отсто од гласовите, а кандидатот и партнер на ХДЗ Драган Приморац освоил 25,32 отсто од гласовите откако биле обработени 99,70 отсто од избирачките места. Според привремените изборни резултати... Читать дальше...


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus