Инволвираните по последното убиство кај „Мавровка“ имаа криминално досие, потврди полицијата. За да се пресретнат вакви престрелки, полицијата треба да има поголема оперативна активност, но и географско профилирање, смета професорот Буџаковски. Како примери тој посочува дека треба да се вршат претреси и прегледи кај оние лица кои се познати по своите досиеја, да има засилени контроли во регионите каде се чести инцидентите итн.
Мартина Трајковска свири на кавал, тамбура и дајре. Во сите фолклорни ансамбли и културно уметнички друштва во кои членуваа таа е единствената жена. Се надева дека оваа слика ќе се промени и дека таа ќе биде инспирација за музичарките. Ја реобјавуваме нејзината видео приказна.
Северна Македонија е меѓу земјите во Европа со највисоки стапки на сива економија, што ја чини државната каса близу 700 милиони годишно евра од неплатени даноци, покажуваат анализите. Над 80 илјади работници работат во неформалниот сектор, најмногу во земјоделството, градежништвото и трговијата.