Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на Северна Македонија. Сега од централно значење е планираната промена на Уставот, за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ, истакна германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес - конференција со премиерот Димитар Ковачевски, кој е во дводневна официјална посета на Сојузна Република Германија. „Имаме голема почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што Северна Македонија ги прави на патот со реформи кон ЕУ. Читать дальше...
Основните јавни обвинителства во Гевгелија и Скопје, како и Вишото јавно обвинителство Скопје водат три посебни постапки, по поднесени кривични пријави од австриската фирма AMMA Import Export GmbH (AMMA), за кои во отворено писмо до медиумите вчера алармираше австрискиот амбасадор, информираат денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. „Иако во конкретниот случај во основа станува збор за граѓанско-правен однос меѓу правните субјекти, а нивните права се обезбедуваат во соодветни судски и други постапки... Читать дальше...
Во новиот извештај на Стејт департментот, земјите од Западен Балкан - Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина се меѓу државите во светот кои ги исполнија минималните барања за фискална транспарентност. Во извештајот се наведува дека од 140 оценети земји, владите на 72 ги исполниле минималните барања за фискална транспарентност. Процесот на ревизија на фискалната транспарентност на Стејт департментот проценува дали владите на државите ги исполниле минималните барања за фискална транспарентност. Читать дальше...
Од 1 јули престанува мерката за замрзнати маржи на основните прехранбени производи - лебот, шеќерот, јајцата и млечните производи. Со овој потег, државата ги препушта производителите и трговците сами да ги утврдуваат според пазарни услови. Сите резервирани околу проценките за раст или пад на цените.
Притисок врз работата на антикорупционерите и оркестриран обид за дефокусирање на јавноста. Вака Државната комисија за спречување на корупцијата ја оцени изјавата на првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби за кого имаат и отворено предмет, кој во телевизиско интервју на ТВ Сител на 27 јуни изјави дека не верува во капацитетите на ДКСК и дека немаат ниту еден успех откако се избрани. Во соопштение до јавноста, Државната комисија за спречување на корупцијата на 28 јуни реагира на изјавата на Груби... Читать дальше...
Критиките на дипломатските преставници во земјава за (не)функционирањето на правната држава стануваат се пожестоки. Австрискиот амбасадор јавно побара смена на судии и обвинители поврзани со одолговлекување на судски случај. Поранешниот врховен судија Дане Илиев вели дека состојбата е алармантна и потребни се итни мерки.
Едната имала поддршка за да учи, а другата препреки со кои се борела за да стигне до високо образование. Младите Ромки, Сонита и Ферзије, имаат различни патишта и живеат на различни дестинации, едната дома, а другата во странство, но делат ист сон - да има што повеќе образовани Роми.
Лидерите на ЕУ ќе поддржат забрзан прием на Западен Балкан и ќе го осудат насилството во Косово. Лидерите на Европската унија (ЕУ) на претстојниот самит ќе разговараат за состојбите на Западен Балкан и ќе ја потврдат посветеноста на проширувањето на Унијата со земји од овој регион. На самитот што ќе се одржи на 29 и 30 јуни, претседателите и премиерите на земјите членки на ЕУ ќе се потсетат на Декларацијата од самитот во Солун, кога пред 20 години беше потврдено дека вратите на ЕУ се отворени за земјите од регионот. Читать дальше...
„Наша должност во најбрз рок да ја почнеме парламентарната дискусија за уставните измени. Крајот на јули е моментот кога Собранието паузира, па сметам дека треба до тогаш да се случи првото гласање. Целата постапка треба да заврши до крајот на ноември“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на 28 јуни во телевизиско интервју за ТВ 24. Вицепремиерот вели дека минатите уставни измени Северна Македонија ги направила за три месеци и сметам и дека и сега ќе се создадат услови за двотретинско гласање. Читать дальше...
Претставникот на Европската комисија Јан Герт Копман изјави дека телото во Брисел ќе предложи список со санкции до властите во Приштина поради непочитување на барањето за деескалација на северот на Косово. „Санкциите вклучуваат стопирање на работата на телата во рамките на Договорот за стабилизација и асоцијација, ќе го прекинеме финансиското планирање за Косово и инвестициските предлози за Западен Балкан“, рече тој на седницата на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ). Читать дальше...
Австрискиот амбасадор во земјава, Георг Вуцас, бара да се сменат судии, обвинители и да одговараат нотари и извршители во Северна Македонија, оти го одолговлекувале процесот на наплата на долг што македонска фирма го има кон австриска фирма, инвеститор во земјава. Македонската фирма, во меѓувреме, го префрлила имотот на друго име и сега долгот не може да биде наплатен. Во соопштението Австриската амбасада наведува дека Атанас Костов, сопственикот на македонската фирма ДЕНА ПРОДУКТ Увоз Извоз Велес... Читать дальше...