Голем број на жени и мажи се придружија на денешниот марш во Скопје под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“, организиран по повод Меѓународниот ден на жената 8 март. Како што најавија организаторите, маршот е одраз на случувањата во земјата, особено кон колективната негрижа кон жените и девојките, растечките стапки на насилство врз жените, фемицидите, економските и здравствени неправди... Жените и девојките во Македонија секојдневно живеат во став и се прашуваат дали ќе го преживеат месецот... Читать дальше...
Десетици илјади луѓе денеска маршираа во Атина и во градовите низ Грција, протестирајќи поради смртта на 57 лица во трагичната железничка несреќа што откри значителни празнини во безбедноста на железницата. Работничките синдикати и студентските здруженија организираа демонстрации, додека штрајковите ги запреа траектите до островот и јавните транспортни услуги во Атина, каде што протестираа најмалку 30.000 луѓе. Судири избија по митинзите во Атина и уште два града. Повеќе од 20.000 луѓе се приклучија на митинзите во Солун... Читать дальше...
Амбасадорката на САД Анџела Агелер на новинарско прашање за американската „црна листа“ денеска изјави дека тоа е процес што ќе продолжи и дека верува оти на неа во следните неколку месеци е можно да се најдат некои имиња. „Постојат повеќе видови на санкции што САД ги воведуваат. Овие листи се многу динамични, бидејќи корупцијата во своите многу форми се случува секој ден. Тоа бара време и истражување, за да се осигуриме дека нема да ставиме некој на листа, на која не припаѓа. Верувам дека во следните... Читать дальше...
Стотици активисти во Киргистан се собраа да бараат еднакви права на жените, додека го одбележуваат Меѓународниот ден на жената 8 март. Демонстрантите, кои се собраа во близина на Палатата на спортот во центарот на главниот град Бишкек, денеска маршираа до споменикот на Уркија Салиева - фигура на женската еманципација во централноазиската земја. Тие држеа плакати со слогани како „Слободна жена значи просперитетен Киргистан“, „Шефе, тргни ги рацете од моето тело“ и „Не ни требаат твоите цвеќиња... Читать дальше...
Случајот со смртта на бебе со туберкулоза ги отвори старите рани- стигмата кон болеста од која годишно се разболуваат стотици пациенти во земјава. Семејството е етикетирано. Стигмата дополнително ја отежнува борбата со оваа болест, забележуват докторите.
Клиниките за неврологија, дерматовенерологија, ендокринологија и очни болести ќе добијат нови директори, соопшти денеска министерот за здравство Фатмир Меџити на брифинг со новинарите. Нови организациски директори пак ќе добијат клиниките за онколошки болести и гинекологија и акушерство. Смената на директорите е според договорот за влез на Алијансата за Албанците во владината коалиција. Новиот министер вели дека мора да се најде заедничко решение за зголемување на платите на здравствените работници... Читать дальше...
Возачите на метроа и возови, работниците во рафинериите за нафта, собирачите на ѓубре и другите работници во Франција кои се незадоволни од планот за пензиски реформи, денеска штрајкуваат низ целата земја. Новите акции во рамки на протестите организирани на Меѓународниот ден на жената се насочени кон жените и влијанието на пензиската реформа врз мајките кои работат. Феминистките тврдат дека пензиската реформа е неправедна кон жените, бидејќи дополнително ќе ги продлабочи родовите нееднаквости. Читать дальше...
Aктуелните хибридни закани и напади со кои се соочува Северна Македонија, како и другите земји членки на НАТО биле тема на разговор на денешна работната средба на премиерот Димитар Ковачевски и неколку министри со делгација на НАТО предводена од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи. На средбата присуствувале и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација... Читать дальше...
Забрана за работа на јавни места или работата надвор од нивниот дом. Жените во Авганистан со соочени со ограничувања на нивните права откако талибанците се вратија на власт во 2021 година. На Меѓународниот ден на жената Обединетите нации повторно повикаа правата на жените и девојките во земјата да бидат обновени.
Владата издаде еврообврзница од 500 милиони евра по повисока камата, наместо пропаднатата еврообврзница од 600 милиони евра. За да ја компензира повисоката камата, зеде уште 100 милиони евра од Европската комисија по пониска камата. Сепак, треба да се обезбедат уште 500 милиони евра од странство.
Илјадници работници во Грција денеска ќе учествуваат на големиот штрајк во знак на протест против трагичната железничка несреќа во која загинаа 57 лица, а масовните демонстрации се очекува да кулминираат пред парламентот во Атина. Се очекува дека овој штрајк, на кој ќе се приклучат и други работници во јавниот сектор, ќе го наруши и метрото, трамвајскиот и автобускиот сообраќај, а траектите ќе останат закотвени бидејќи поморските и пристанишните работници најавија дека ќе се приклучат на протестот. Читать дальше...
Автопатите што треба да ги гради Бехтел и Енка, уште не почнати, се соочуваат со скандали. Прво се заобиколија закони и се донесе нов закон „во четири очи“ за таа цел. Имаше проблеми и со изборот на надзор. Првиот обид пропадна поради руска врска, а и вториот се поврзува со скандали. Но и покрај сомнежите од медиумите и од опозицијата за компаниите избрани за надзор, Владата и Бехтел и Енка ќе го потпишат договорот.