Шпанскиот парламент денеска го одобри законот со кој се доделува платено медицинско отсуство на жени кои страдаат од тешки менструални болки, со што стана првата европска земја која на овој начин го унапреди своето законодавство. Законот, кој беше усвоен со 185 гласа „за“ и 154 „против“, има за цел да го разбие табуто на оваа тема, соопшти шпанската левичарска влада. Менструалното отсуство моментално се нуди само во мал број земји ширум светот, како што се Јапонија, Индонезија и Замбија. Читать дальше...
Инвеститорите ја немаат запишано еврообврзницата и не можеле со неа да тргуваат на секундарниот пазар, вели министерот за финансии Фатмир Бесими откако таа беше повлечена откако немаше кој да стави потпис за неа, бидејќи министерот за правда е во оставка. Бесими додава и дека агентите и инвеститорите биле навремено известени за оваа административна пречка. „Како и државните обврзници на домашен пазар, еврообврзницата се продава на аукција, по што се врши запишување на истата од страна на инвеститорите, на нивно име. Читать дальше...
Домот на народите, едно од двете тела на парламентот на Босна и Херцеговина, беше конститиуран денеска, со претседател кој е на црната листа на САД. Никола Шпириќ, етнички Србин, беше санкциониран од Вашингтон во септември 2018 година, поради вмешаност во значителна корупција. Негови заменици ќе бидат Кемал Адемовиќ, бошњачкиот претставник и Драган Човиќ, хрватскиот претставник. Домот на народите се состои од 15 делегати, односно по пет делегати од трите конститутивни нации во БиХ - Бошњаците, Србите и Хрватите. Читать дальше...
Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска на електронските адреси на 18 училишта, од кои 16 во Скопје и две во Куманово, е стигната дојава за поставени експлозивни направи. Дојавата била испратена и на приватните мејлови на девет професори во овие училишта. „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од Министерството за внатрешни работи. Читать дальше...
Денеска истекува крајниот рок за здруженијата да ги усогласат имињата и дејноста со Законот за здруженија и фондации за да не бидат избришани од Регистарот, информираа од Централен регистар. Законските измени кои стапија на сила пред три месеци, предвидуваат здруженија да не може да носат имиња на лица кои се поврзуваат со фашизам и нацизам, или да имаат таква дејност. Тие дојдоа по отворањето на двата бугарски клуба во земјава, „Цар Борис Трети“ во Охрид и „Иван (Ванчо) Михајлов“ во Битола, кои... Читать дальше...
Министерот за правда Никола Тупанчески оставка до Владата поднел на 10 февруари, два дена подоцна таа е констатирана од Собранието, по што веќе од 14 февруари тој е во работен однос на Правниот факултет ,,Јустинијан Први”, информираа од Министерството за Правда од каде појасуваат дека следниот ден, на 15-ти, до нив стигнало барањето од Министерството за финансии за потпишување на правно мислење за еврообврзницата. „Со оглед на тоа што Тупанчески не е министер за правда од 13 февруари, тој нема право да стави потпис како министер“... Читать дальше...
Со откажувањето на еврообврзницата од 600 милиони евра Македонија праќа лош сигнал до меѓународните институции и може да добие повисоки камати во повторената постапка. Министерството за правда соопшти дека еврообврзницата им стигнала на потпис откако министерот Тупанчески веќе поднел оставка.
Пратеници кои имаат по неколку стана во Скопје наплаќале илјадници евра за патни трошоци во Собранието. Граѓаните коментираат дека наплатиле како да патувале до Месечината. Пратениците се бранат дека патните трошоци им се многу пониски отколку на владините функционери, кои имаат службени возила.
Експертски тимови од Германија и други земји работат на надминување на проблемите во Фондот за здравствено осигурување по хакерскиот напад, информираше премиерот Димитар Ковачевски. Тој истакна дека со Министерството за финансии се бара начин за исплата на плати на вработените во здравствениот сектор и побара трпеливост од граѓаните. „Тимовите на Министерството за здравство и на ФЗОМ, пред се, но и на други институции, работат заедно со експерти и професионалци од Германија и од други партнерски држави со цел да се реши проблемот... Читать дальше...
Судските предмети Транспортер , Тортура, ТНТ и Титаник не потонаа иако се повикуваа на аболицијата на екс претседателот Ѓорѓе Иванов. Европскиот суд за човекови права ја отфрли жалбата на осуммина поранешни функционери како преуранета. Сепак имаат право повторно да се жалат пред истиот суд. За Обвинителот Јовески ова е доказ за доверба во македонските институции.
Неиздавањето на еврообврзницата е од процедурални причини и не може негативно да влијае врз кредитниот рејтинг на државата, смета премиерот Димитар Ковачевски. Иако најавена, еврообврзницата беше откажана бидејќи за неа е потребен потпис од министерот за правда, кој пак е во оставка поради најавената реконструкција во Владата и влезот на партијата Алијанса за Албанците, кои треба да го добијат ресорот Правда. Ковачевски притоа истакна дека не сакале кршење на процедурите. „До изборот на новиот министер... Читать дальше...
Бројот на луѓе загинати во разорните земјотреси на границата меѓу Турција и Сирија се приближи до 42.000, додека напорите за пребарување и спасување продолжуваат и по десет дена од потресите. Само во Турција 36.187 луѓе загинаа во 11 провинции, соопшти денеска Турската агенција за управување со катастрофи (АФАД). Заедно со луѓето кои загина во Сирија, вкупниот број стигна до 41.838 изгубени животи. По првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени кој ги погоди Турција и Сирија во раните утрински часови на 6 февруари... Читать дальше...
Европскиот суд за човекови права едногласно ја прогласи за недопуштена жалбата во предметот „Талески и другите против Северна Македонија“. Оттаму констатираат дека обвинетите и осудените претходно не ги исцрпиле сите можности на македонското судство. Со тоа судот во Стразбур не ги ослободи од гонење поранешните владини функционери кои се жалеа на оспорено право за правично судење и на неприфаќањето на сега веќе поништената аболиција од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Со аболицијата во април 2016 година... Читать дальше...
Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја започнува посетата на Германија, Турција и Грција која ќе трае до 22 февруари. Како што соопшти Стејт департментот, Блинкен ќе учествува на безбедноснаta конференција во Минхен и ќе ги следи активностите и помошта на САД по земјотресот што ги погоди Турција и Сирија. „Блинкен ќе ја посети воздухопловната база Инџирлик во јужна Турција на 19 февруари за да види од прва рака како САД им помагаат на турските власти по разорниот земјотрес на 6 февруари“, изјави портпаролот Нед Прајс. Читать дальше...
Денеска истекува рокот за преименување на двата бугарски клуба во земјава, според законот со кој се осудува промовирање фашизам. Од клубот „Цар Борис Трети“ побарале промена, од „Иван Михајлов“ најавуваат тужба. По отворањето на бугарски здруженија и клубови во Македонија кои носат имиња на спорни историски личности, Собранието донесе законски измени со кои се осудува промовирањето фашизам и нацизам. Измените предвидуваат во иднина да не може да се регистрираат организации со контроверзни имиња... Читать дальше...
Европскиот суд за човекови права денеска во Стразбур ќе ја објави одлуката за случајот со поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Станува збор за аболицијата од април 2016 година со која Иванов опфати 56 лица осомничени во поголем број предмети кои беа под ингеренции на тогашното Специјално Јавно Обвинителство. Аболицијата предизвика реакции и улични протести, кои резултираа со измени во Законот за помилување за да му се отвори простор на Иванов за повлекување на аболициите. Читать дальше...
Државата нема да дозволи насилство и ќе реагира многу брзо и ефикасно, порача српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето на ТВ Пинк, откако полицијата ги спречи десничарските активисти собрани пред Претседателството на Србија да влезат во зградата. „Државата нема да дозволи насилниците и екстремистите, со каква било помош однадвор, од Запад или од Исток, да го загрозат уставниот поредок“, рече Вучиќ. Истиот ден, како што изјави, имал итна средба со српските безбедносни служби. „Ја анализиравме состојбата на јавниот ред и мир... Читать дальше...