Новиот шеф на Твитер, Илон Маск, денеска изјави дека страницата ќе наплатува 8 долари месечно за да ги потврди сметките на корисниците, тврдејќи дека планот ќе го наруши „тековниот систем на господари и селани“ на платформата и ќе создаде нов прилив на приходи за компанијата. Објавата доаѓа неколку дена откако најбогатиот човек на светот ја презеде единствената контрола над гигантот на социјалните мрежи во спорниот договор вреден 44 милијарди долари. „Моќ за луѓето! Сино за 8 долари/месечно“... Читать дальше...
Руски хакер кој беше осуден за неговата водечка улога во една од најголемите кражби на податоци во историјата на САД, е ослободен од затвор откако отслужи поголем дел од 12-годишната затворска казна. Владимир Дринкман беше ослободен од затвор во Пенсилванија на 28 октомври, изјавија од Бирото за затвори на САД за РСЕ. Службата за имиграција и царина на САД (ICE) не одговори на барањето на РСЕ за коментар дали Дринкмен бил предаден на депортација, процес кој може да потрае и до неколку месеци. Читать дальше...
Националната комисија за имунизација на Грција предлага вакцинација против Ковид-19 за децата меѓу шест месеци и четири години доколку имаат здравствени проблеми, а им се дава можност и на здрави деца на оваа возраст да ја примат вакцината, по согласност од лекар, соопшти претседателката на комисијата Мариа Теодориду. Теодориду истакна дека во 2022 година со доминацијата на варијантата Омикрон е зголемен бројот на заразени деца и додаде дека комисијата минатиот месец веќе излезе со позитивно мислење... Читать дальше...
Премиерот Димитар Ковачевски ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, што ќе се одржи в понеделник, на 7 ноември, во Собранието на Република Северна Македонија, соопштија од владиниот кабинет. Целта на средбата, според владиното соопштение, е отворање дискусија за европската иднина на земјата, како и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус. БЕСА ги кани партиите на Албанците на лидерска средба... Читать дальше...
Мурал на кој ликот од цртаната серија Симпсонови, Марџ Симпсон, ја потстрижува косата во знак на солидарност со Иранките, повторно се појави на ѕидот пред генералниот конзулат на Техеран во Милано за помалку од еден месец откако беше отстранет од „непознати агенти“. Италијанскиот уметник Алекссандро Паломбо за Радио Фарда дека новото дело се вика „Рез 2“ и е дизајнирано и насликано откако „Рез 1“ беше отстранет од ѕидот за помалку од 24 часа по неговото создавање. Додека на двата мурали се гледа како Марџ ја сече косата... Читать дальше...
Политичката партија БЕСА најави покана до сите партии на Албанците за заедничка средба за да се разговара за измените на амандманот 5 од Уставот што БЕСА ги бара, односно да се смени формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“. Како што изјави генералниот секретар на партијата Аријанит Хоџа, на средбата може да присуствуваат и оние партии на Албанците коишто имаат интерес, а до кои нема да биде испратена покана. Претходно пак шефот на македонската дипломатија... Читать дальше...
Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача да се прекине кругот со Бугарија со отворањето културни клубови и побара враќање во нормален колосек, преку постојана комуникација и отворањето на културниот клуб во Благоевград кој го промовира Министерството за култура. Во одговор на прашање околу одлуката на бугарски суд за укинување на граѓанското здружение што го отвори Македонскиот културен клуб во Благоевград, Османи рече дека отворањето клубови заради реакција кон другиот, нема да ги оствари целите што сакаме да ги постигнеме... Читать дальше...
Познатиот кошаркар и НБА ѕвезда, Владе Дивац доби црногорско државјанство. Црногорскиот пасош му беше врачен лично од техничкиот премиер Дритан Абазовиќ на церемонијата на 1 ноември. „Ни претставува голема чест и задоволство што имаме можност да му подариме црногорски пасош на една легенда на светската кошарка, како што е Владе Дивац“, изјави Абазовиќ. Владе Дивац беше еден од првите Европејци кои заиграа во НБА. Со репрезентацијата на Југославија освои две светски првенства во кошарка, три... Читать дальше...
На денешната седница собранието донесе Одлука неискористените средства од државни институции да бидат пренаменети за други цели, односно онаму каде што е најпотребно. Така, средства ќе се пренаменат за ЕСМ – за домашно производство на енергија и надминување на последиците од енергетската криза, потоа за редовно финансирање на политичките партии, за финансиска поддршка на МЖ Транспорт, за уредување на ТИР-зоните. Владата најави поевтина струја за фирмите за стабилизирање на цените на храната... Читать дальше...
Политичарите, и од власта и од опозицијата, се растрчаа на трибини и средби со граѓани, како да се во предизборна кампања, иако велат дека избори сега нема да има. Трибините се одговор на забелешката на граѓаните дека политичарите ги посетуваат само пред избори, велат од СДСМ.
Возачи на камиони во Бразил лојални на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро ги блокираа патиштата низ земјата по неговиот изборен пораз од левичарскиот ривал Луис Инасио Лула да Силва. Демонстрантите ги блокираа улиците во сите сојузни држави, што влијаеше на снабдувањето со храна, јавува Би-Би-Си. Изборната администрација на Бразил во неделата објави дека да Силва од левичарската Работничка партија освоил 50,8 отсто, победувајќи го Болсонаро, кој освоил 49,2 отсто од гласовите. Читать дальше...
Политичарите на отворањето на културните клубови во Македонија и Бугарија сакаат да спечалат политички поени прикажувајќи се себеси како патриоти, вели професорката Мирјана Малеска. Таа додава дека на овој начин не се придонесува за подобрување на односите меѓу двата народи.
Самитот за Западен Балкан ќе се одржи в четврток во Берлин на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц, како дел од таканаречениот Берлински процес, соопшти кабинетот на германската канцеларка. На самитот ќе присуствуваат „шефовите на влади на шесте земји од Западен Балкан, претседателот на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, поранешните домаќини на самитот на Балканскиот процес од 2014 година, неколку членки на Европската Унија од регионот, како и највисоките претставници на регионалните и меѓународните организации“... Читать дальше...
Политичари во Македонија и Бугарија отворањето на културните клубови во двете земји го користат за политички цели и сакајќи да се прикажат како патриоти само ги продлабочуваат разликите и поделбите меѓу Македонците и Бугарите, велат за РСЕ историчари и комуниколози. Од друга страна, властите од двете земји прават и чекори на приближување со старт на проекти како Коридор 8.
Сметките на сите компании кои имаат долг кон АД МЕПСО се блокирани, а приливите кои легнуваат на нивните сметки автоматски доаѓаат во АД МЕПСО, рече денеска генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани. Според него, Регулаторната комисија за енергетика е при крај на усвојување на новите пазарни правила согласно кои МЕПСО ќе има увид на дневна основа меѓу најавената и остварената потрошувачка. Дистрибуцијата поскапа од струјата – само во Албанија има поскапа мрежарина од Македонија „Во случај на флуктуација... Читать дальше...
Девет луѓе биле спасени откако едрилица со околу 68 мигранти потонала во морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Евија, а во тек е спасувачка акција на грчката крајбрежна служба. Ова е втора несреќа со мигранти во Грција за помалку од 24 часа, откако вчера се преврти чамец со 12 лица во близина на островот Самос и беа спасени четворица мигранти. Портпаролот на крајбрежната служба на Грција Никос Кокалас за грчката телевизија ЕРТ рече дека спасувачката акција кај Евија се води под лоши временски услови поради силниот ветер... Читать дальше...
Во Данска денеска се одржуваат парламентарни избори, а премиерката Мете Фредериксен се надева на гласање за доверба во нејзиното справување со пандемијата и за нејзиното раководство да ја надмине зголемената инфлација и геополитичката несигурност. Изборите се претворија во битка за центристичките гласачи, при што поранешниот премиер Ларс Локе Расмусен најверојатно ќе стане крал-креатор со неговата нова партија, Умерените, бидејќи ниту владејачката левица ниту десничарската опозиција се чини дека нема да освојат мнозинство. Читать дальше...
Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља изјави дека полицијата почнала да го спроведува планот за автомобилите со српски регистерски таблички. Во истовреме, во Белград е соопштено дека претседателот Александар Вучиќ издал наредба српската армија да биде во состојба на готовност.
Проценките се дека во Скопје има над 4.000 бездомни кучиња. Јавната свест за вдомување е ниска, јавното претпријатие кое треба да ги стерилизира е заглавено во долгови, а законот со кој треба да се „стегнат“ несовесните граѓани што фрлаат миленици три години е во процедура за донесување
Албанскиот премиер Еди Рама обвини за директно руско влијание во Албанија, поврзувајќи го со лажните вести во медиумите, како и финансирањето на опозициската Демократска партија. Рама: Русите кои не сакаат да војуваат се добредојдени во Албанија „Ова е директно руско влијание во Албанија. Кога го покренавме прашањето за финансирањето на Демократската партија со руски пари, ни рекоа дека тоа е клевета од Еди Рама и Сорос. Но, тоа излезе во извештајот на ЦИА. Приказната за потопувањето на таа партија... Читать дальше...
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на казахстанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Мухтар Тлеуберди, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што информираат од МНР, во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи, особено мултилатералната соработка на двете држави, со посебен акцент во Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), со која Северна Македонија ќе претседава по две месеца, а ќе бидат разменети мислења и за други актуелни прашања во надворешната политика. Читать дальше...
Денеска Израелците гласаат на парламентарни избори по петти пат во 43 месеци, а анкетите покажуваат дека изборната трка ќе биде тесна, а исходот тешко може да се предвиди. Осумпартиската „Влада на промени“ во заминување пропадна откако изгуби тенко мнозинство и подлегна на идеолошките разлики што се обидуваше да ги избегне. Сојузот на десничарските и верските партии се обидува да ја врати власта по година и пол во опозиција, но судејќи според анкетите, повторно може да се очекува политички ќорсокак, коментираат израелските медиуми. Читать дальше...
„Контекстот на појавување на овие клубови се гледа дека влегуваме во еден натпревар, во едно инструментализирање на луѓето. Ова е инструментализирање на финансиерите на овој клуб и тука нема добри намери“, изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „24 анализа“. Османи, коментирајќи го отворањето на клубот во Благоевград рече дека овој циклус со инструментализирање на правата не е во духот на добрососедството. Отворен македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ - во Благоевград... Читать дальше...