Утре во Брисел ќе се одржи нова рунда дијалог меѓу Србија и Косово, на ниво на главните преговарачи на двете земји. Средбата ја потврди Петер Стано, портпарол на Европската Унија, кој најави дека неговите соговорници ќе разговараат за енергетскиот договор. „Разговорите ќе се фокусираат на финализирање на патоказот, кој ќе го олесни спроведувањето на енергетските договори од 2013 и 2015 година, како и други актуелни прашања, вклучително и подготовките за следниот состанок на високо ниво“, рече Стано во писмената реакција до медиумите. Читать дальше...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека одлуката да се оди на претстојниот Самит на лидерите на ЕУ на 23 јуни во Брисел ќе биде донесена по консултации со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и српската влада. „Ќе почекаме, утре ќе одржиме консултации во рамките на „Отворен Балкан“ со Рама и Ковачевски, ќе одржам консултации со членовите на српската Влада и потоа ќе донесеме одлука дали ќе одиме во Брисел и каква позиција ќе имаме,“ рече Вучиќ. Читать дальше...
Нашиот став како Влада е дека преговарачката рамка треба да биде мултилатерален документ што содржи рамка за преговарање во однос на пристапување кон ЕУ како организација на држави членки, додека билатералните прашања треба да се решаваат на билатерално ниво со државите со коишто тие постојат, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање дали земјава го има променето ставот дека нема да прифати билатералните прашања да влезат во преговарачката рамка. „Со оглед на... Читать дальше...
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска побара Владата на Бугарија да се произнесе со став за предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија. „Сегашниот пристап не може да функционира. Бугарската Влада треба да даде мислење врз основа на стручноста на бугарското Министерство за надворешни работи и доколку на кој било начин ја ажурира националната рамковна позиција со своја одлука, дури потоа да ја испрати до Парламентот на одобрување... Читать дальше...
Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја завршија општата расправа по Предлог-ребалансот на Буџетот, на која пратениците од опозицијата и од власта останаа на спротивставени ставови по однос на доставените буџетски измени. За опозицијата, ребалансот е доказ дека „економијата е разрушена“ и дека „постојано се зголемува сиромаштијата“. Според опозициските пратеници, се работи за неразвоен буџет кој нема да може да се справи со актуелните економски и социјални притисоци. Читать дальше...
Во последните 3 дена (од 17.06 до 19.06.2022) направени се 1.972 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на ковид-19, соопштија од Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 20 реинфекции. Регистрирани сe 124 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 3 дена (од 17 до 19.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. САД ги одобруваат ковид вакцините за деца над 6 месеци Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица. Читать дальше...
Министерот за правда Никола Тупанчески денеска имаше средба со претставниците на Независниот синдикат на судската полиција на која беше информиран за нивните барања за зголемување на платата за 15 отсто. Договорено е најдоцна до крајот на неделата да се воспостави комуникација со Министерството за финансии околу обезбедувањето на финансиски средства, соопшти Министерството за правда. ВМРО-ДПМНЕ протестира пред Владата под мотото „Премногу е“ Министерството, како што се додава, ќе стори се... Читать дальше...
Војната, пандемијата и глобалната криза ги зголемија мигрантските движења, бегалските и хуманитарните кризи. За жал, милиони луѓе во светот во моментов не се чувствуваат безбедни и стравуваат за своите и за животите на најблиските поради воените дејствија кои се одвиваат на териториите на нивните држави, вели народниот правобранител Насер Зибери во соопштението по повод Светскиот ден на бегалците. „Токму во овие тешки и кризни премрежја од несогледливи размери, хуманоста и човечноста кон оние... Читать дальше...
Експертите негативно го оценија „францускиот предлог“ за откочување на евроинтеграциите, со кој бугарските барања за Македонија ќе станат европски барања. Тие го критикуваат молкот на владата и надежта дека други земји од ЕУ ќе се спротивстават на внесувањето на билатерални спорови во преговарачката рамка, што може негативно да се одрази на понатамошното проширување на ЕУ со сите балкански земји.
Најмалку две лица загинаа, а 28 други се ранети по експлозија што одекна на пазар во провинцијата Нангархар во источен Авганистан. Според официјалните лица меѓу повредените во експлозијата има пет Талибанци. Тие не ја наведоа причината за експлозијата, но локалните медиуми објавија дека станува збор за бомба во автомобил, а целта бил локален талибански функционер. Ниту една група или поединец досега не ја презеде одговорноста за експлозијата. Мисијата на ОН во Авганистан веднаш го осуди нападот... Читать дальше...
Президент России Владимир Путин поздравил ученого-зоолога и ведущего программы «В мире животных» Николая Дроздова с 85-летием. Соответствующую телеграмму опубликовали на сайте Кремля.
Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) цената на бензините ќе се намали за 1,5 денари, а цената на дизелот ќе се зголеми за 0,5 денари, информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Новите цени на нафтените деривати, како што кажа, се должат на фактот што во текот на изминатата недела за речиси два денари се зголеми курсот на доларот и достигна над 59 денари за еден долар. „Курсот на доларот прави притисок, бидејќи се зголеми од 57 на 59 денари.... Читать дальше...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ, информираше денеска претесдателот на РКЕ, Марко Бислимовски. Бислимовски тврди дека нема да има никакво прекин со топлинска енергија во градот Скопје бидејќи оваа копманија ќе ја врши дејноста се додека не се избере нова. Најви дека по завршувањето на главната седница, РКЕ ќе ја информира Владата. „Владата понатаму во соработка... Читать дальше...
Предвремени избори за спас или за дестабилизација на Македонија - ова е главниот мотив за коментари на нашите социјални мрежи по митингот на ВМРО ДПМНЕ и одговорот на владините коалициони партнери за тоа дали треба да има парламентарни избори предвреме или во редовниот термин во 2024 година.
Новите владини антикризни мерки ќе бидат таргетирани, а со новиот ребаланс на буџетот издвоени се средства за поддршка на земјоделците, ранливите категории на граѓаните како и за раст на пензиите, пишува министерот за финансии Фатмир Бесими во својата колумна. „Издвоени се дополнителни средства за поддршка на земјоделците за раст на домашните приноси, за да на тој начин се амортизираат ефектите од високата цена на увозната храна. Издвоени се дополнителни средства за ранливите категории граѓани и за раст на пензиите на пензионерите. Читать дальше...
ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи со протести ширум државата, а доколку Ковачевски и Ахмети и понатаму ја игнорираат потребата од избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон целосна блокада на институциите, соопштија денеска од партијата, откако вчера Премиерот Ковачевски по средбата со коалиционите партнери порача дека изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година. Од најголемата опозициска партија велат дека предвремени парламентарни избори се нужни за формирање на нова влада која, како што велат ќе ја извади државата од кризите... Читать дальше...
Државата и натаму не успева да го усвои Националниот план за адаптација на климатските промени, којшто треба да обезбеди долгорочна стратегија за адаптација и помош за најранливите сектори како земјоделието. Во меѓувреме, скоро секоја година на различни локации во земјава невремињата и сушите ги уништуваат земјоделските посеви.
Премиерот на Северна Ирска Мишел Мартин изјави дека планот на британската влада за измена на дел од трговскиот договор со ЕУ, склучен по излегувањето на Британија од Унијата, е неприфатлив и претставува „економски вандализам“ над Северна Ирска, јавува Би-Би-Си. Мартин смета дека промените на Протоколот за Северна Ирска ќе ѝ наштетат на економијата на земјата.„Целосно прифаќаме дека има легитимни проблеми со функционирањето на протоколот и веруваме дека тие би можеле да се решат преку сериозни преговори меѓу британската влада и ЕУ“, рече Мартин.
Во Приштина денеска ќе се одржи осмиот состанок на владите на Косово и Албанија, на кој ќе бидат потпишани повеќе договори, потврдија од Владата на Косово. По церемонијата на пречекот на албанскиот премиер Еди Рама, тој ќе ја отвори средбата заедно со премиерот на Косово Албин Курти. Потоа ќе следи презентација за националното пристаниште и железничката инфраструктура во функција на заедничкиот национален пазар, проектот за ново комерцијално пристаниште во Порто Романо и интеграција со пругата Драч-Приштина. Читать дальше...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе биде од 24 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 33 степени.