Во изминатото деноноќие се регистрирани 668 нови случаи на коронавирус, а седум луѓе починаа. Направени биле 3.974 тестови, информира Министерството за здравство. Најмногу нови случаи има во Скопје – 340, потоа следуваат Битола со 43, Куманово и Струмица по 33, Охрид 30, Прилеп 23, Тетово 22, Кавадарци, Велес, Штип и Кичево по 15, Гевгелија 11, Струга и Богданци по 9, Гостивар, Неготино и Свети Николе по 8, Ресен и Дебар по 5, Кочани, Крива Паланка и Демир Капија по 3, Радовиш, Делчево и Македонски Брод по 2... Читать дальше...
При судар на еден од скијачките терени на Попова Шапка се повредени две лица, соопшти тетовската полиција. Според полицијата, едното лице е малолетник, а другото е вработен на Попова Шапка. Малолетникот од Косово вчера додека скијал удрил во моторна санка што ја управувал вработен во фирмата што стопанисува со скијачкиот центар, соопшти СВР Тетово. И двете лица се повредени и пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Читать дальше...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска предупреди дека сегашните случувања изгледаат како Русија да е „на работ“ да ја нападне Украина и дека продолжувањето на заедничките руско-белоруски воени вежби ја зголемуваат загриженоста. Тој исто така рече дека американскиот претседател Џо Бајден е подготвен да се сретне во секое време и во кој било формат со рускиот претседател Владимир Путин. Русија и Белорусија ги продолжија заедничките воени вежби Бајден пред два дена рече дека... Читать дальше...
Иранските пратеници го повикаа претседателот Ебрахим Раиси да обезбеди гаранции дека САД и трите европски земји дека нема да излезат од нуклеарниот договор за кој повторно се преговара во Виена, објавија денеска иранските државни медиуми. Во писмото до Раиси, тие наведуваат дека САД и европските учеснички во договорот – Велика Британија, Франција и Германија, треба исто така да гарантираат дека нема да го активираат „механизмот на враќање“ според кој санкциите против Иран веднаш ќе бидат вратени ако ја прекрши нуклеарната усогласеност. Читать дальше...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на „интензивирање“ на мировните напори. Претседателите на Франција и на Русија денеска се договорија да работат на прекин на огнот во источна Украина“ каде ноќеска беа пријавени повеќе бомбардирања во близина на таканаречената „линија на контакт“.
Во Пекинг денеска се одржува церемонијата на затворање на Зимските олимписки игри, со што завршуваат 17-дневните спортски активности. На церемонијата присуствува и кинескиот претседател Си Џинпинг. Многу западни земји организираа дипломатски бојкот на Игрите поради прашањата за човековите права во Кина. Пандемијата со ковид -19, исто така, сериозно го ограничи бројот на луѓе кои може да присуствуваат на церемонијата. Олимпијадата во Пекинг е втора по ред олимпијада одржана за време на пандемијата со ковид-19... Читать дальше...
Кандидатите пријавени за полагање на испит за директори во средните и основните училишта денеска напладне одржаа мирен протест пред Државниот испитен центар (ДИЦ), поради тоа што, како што велат, иако уплатиле пари, веќе неколку месеци чекаат за обука и полагање испит. Ксенија Врамчева, една од кандидатите, за време на протестот го прочита отвореното писмо до директорката на Државниот испитен центар, во кое се наведува дека сите овие кандидати се пријавени согласно Закон, и ги имаат уплатено потребните... Читать дальше...
Русија и Белорусија ги продолжија заедничките воени вежби кои требаше да завршат денеска, соопшти белорускиот министер за одбрана Виктор Кренин. Ова е потег што дополнително го засилува притисокот врз Украина, додека Западот предупредува од непосреден руски напад. Кренин во соопштението вели дека одлуката е донесена „во врска со засилувањето на воената активност во близина на надворешните граници“ на Русија и Белорусија и поради растечките тензии во источна Украина. НАТО соопшти дека Русија... Читать дальше...
Кралицата Елизабета, која има 95 години, е позитивна на ковид-19 и има благи симптоми, соопшти денеска Бакингемската палата, пренесува Ројтерс. Како што се наведува, кралицата има благи симптоми „налик на блага настинка, но се очекува дека ќе продолжи со полесните должности во Виндзор во текот на наредната недела“. „Ќе продолжи да добива медицинска помош и ќе ги почитува сите соодветни насоки“, соопшти Палатата. Кралицата Елизабета одбележува седум децении на тронот Престолонаследникот Чарлс... Читать дальше...
По два дена од избувнувањето на пожарот, по над 50 часа поминати во гаражата на траектот, утрово беше пронајден жив и спасен еден од 12-темина исчезнати патници од бродот „Еурофери Олимпија“ што во петокот наутро се запали во близина на Крф додека од Грција пловеше кон Италија, а паралелно продолжува потрагата по останати патници, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, станува збор за 21-годишен државјанин на Белорусија, возач на камион, кој сам успеал од гаражата да стигне до палубата... Читать дальше...
САД и Велика Британија ќе се обидат да им го отсечат пристапот на руските компании до американскиот долар и до британската фунта ако Русија ја нападне Украина, предупреди денеска британскиот премиер Борис Џонсон. „Планот што го имаме е за нешто што би можело да биде навистина најголемата војна во Европа од 1945 само во однос на огромниот обем“, рече Џонсон за Би-би-си. Тој посочи дека во случај на инвазија, Западот ќе воведе уште пожестоки санкции против Русија од што беа најавувани претходно. Читать дальше...
Актуелните правила за влез во Грција се продолжени за уште две недели согласно новата министерска одлука објавена во Службен весник, јави дописничката на МИА од Атина. Во Грција може да се влезе со европски сертификат за вакцинација, европски сертификат за прележан ковид-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар. Актуелните правила се непроменети и продолжени до 7 март 2022 година, а меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија. Сертификатите за вакцинација и прележана болест... Читать дальше...
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска вели дека геополитичките случувања, вклучително и руско-украинските тензии може неповолно да се одразат врз динамиката на заздравувањето на глобалната економија, како и на глобалните пазари на примарни производи. „Директната изложеност на нашата кон руската и украинската економија е мала и оттаму не се очекуваат позначителни директни ефекти. Сепак, доколку дојде до забавување на глобалниот раст, а особено растот на ЕУ, како наш најзначаен трговски партнер... Читать дальше...
Претседателите на Франција, Емануел Макрон, и на Русија, Владимир Путин, денеска телефонски треба да разговараат за ескалацијата на тензиите околу Украина. Макрон беше во Русија на 7 февруари. Западните лидери велат дека Русија, која распореди десетици илјади војници во близина на Украина, планира целосен напад против својот сосед. Москва негира дека има планови за напад. Во меѓувреме, набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) извести за „драматично... Читать дальше...
Четири автобуси и две патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без да поседуваат соодветна документација, откриле вчера при контрола полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал. Од Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата. При контролата откриени се четири автобуси со гостиварски, тетовски, скопски регистарски ознаки и автобус со данска национална ознака. Тие вршеле... Читать дальше...
Секој неуспех во одржувањето на европската траекторија на Западен Балкан, може да има драматични последици за земјите од регионот и за ЕУ, вклучително и во однос на безбедноста и миграцијата, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во излагање на Минхенската безбедносна конференција. „Нашите земји треба да продолжат да напредуваат во однос на помирувањето и решавањето на билатералните спорови, во европски дух, како и да ги зајакнат фундаменталните реформи, особено во однос на владеењето на правото... Читать дальше...
Времето денеска ќе биде променливо облачно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 19 степени. Според УХМР, во вторник се очекуваат пообилни врнежи дожд, кои поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика дневните температури да бидат пониски и во следните денови. Најстудено на Попова Шапка, најтопло... Читать дальше...
УКИМ има академска слобода, има автономија во управувањето, автономија во кадровската политика итн. Значи, ние самостојно и автономно одлучуваме за многу прашања и проблеми, нормално без мешање на политиката, но кога се работи на пример за финансиска автономија тука не сме сосема задоволни, затоа што знаете дека сме под трезорското работење коешто има доста ограничувачки фактори во поглед на финансиското работење на универзитетот, вели во интервју за РСЕ, ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј (УКИМ), Никола Јанкуловски.
Пандемијата направи доста промени, можам да кажам уназади многу активности во многу сфери на живеењето, секако тоа даде одраз и на образованието и науката, а особено на образованието, вели ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.