Бугарскиот премиер Кирил Петков вчерашната посета на Скопје ја оцени како „огромен успех“. Тој изјавата ја даде по церемонијата на положување заклетва на претседателот на Бугарија Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова во Народното собрание. Петков вели дека од една страна била подадена рака со одењето во Скопје, а од друга страна дека Северна Македонија ја испратила нотата која Бугарија ја чекала две години. „Оваа нота вели дека Република Северна Македонија нема претензии за територијалниот интегритет на Бугарија. Читать дальше...
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ја осуди поддршката на Словенија за независноста на Тајван. Портпаролот на Министерството Жао Лиџијан изјави дека се шокирани од поддршката за „очигледното кршење“ на принципите на Кина. Жао истакна дека во светот постои само една Кина чиј неотуѓив дел е Тајван, а како што наведе, владата на Народна Република Кина е единствената легитимна влада која ја претставува цела Кина. Тој посочи дека принципот на една Кина е општо призната норма во меѓународните односи... Читать дальше...
Британскиот премиер Борис Џонсон ги отфрли повиците на неговите противници и на некои од неговите пратеници да поднесе оставка. Тој се соочува со повици да поднесе оставка по серијата откритија за направени забави на Даунинг стрит - домот и канцеларијата на премиерот, за време на карантинот поради пандемијата на КОВИД-19. Тој неколку пати се извини за забавите велејќи дека за многу од нив не знаел. Сепак, то рече дека присуствувал на работен настан на 20 мај 2020 година, за кој на вработените им било кажано да „донесат свои пијалоци“. Читать дальше...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја одби понудата за работа во Обединетите нации, соопштија денеска од нејзиниот кабинет, пренесе Ројтерс. Соопштението доаѓа еден месец откако таа ја напушти позицијата на најмоќна европска политичарка. Минатата недела Меркел го повикала генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да му се заблагодари и да му каже дека нема да ја прифати работата што и ја понудил преку испратено писмо до неа, соопшти канцеларијата без дополнително објаснување.... Читать дальше...
Познатиот белоруски фудбалер и спортски новинар Александар Ивулин е осуден на две години затвор поради учество во протестите против авторитарниот лидер на земјата Александар Лукашенко. Окружниот суд во Минск денеска го осуди Ивулин откако го прогласи за виновен за „организација и подготовка на активности отворено насочени кон нарушување на општествениот поредок“. Ивулин, кој го отфрли обвинението, беше уапсен на почетокот на јуни минатата година и првично беше осуден на 30 дена затвор за кршење на законите за јавни собири. Читать дальше...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека треба да се испрати јасна порака до Западен Балкан дека постои перспектива за членство, но наведе дека е потребно да се преземат реформи во рамките на Европската унија за да се овозможи прием на нови членки. „Европа не може да му сврти грб на Западен Балкан. Западен Балкан географски и историски, во однос на трагичноста и ветувањата за иднината, се наоѓа во срцето на европскиот континент. Тие носат лузни кои не потсетуваат на кревкоста на мирот, но и на силата на ЕУ“, рече Макрон. Читать дальше...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја посети Украина во рок од неколку недели за да се обиде да ги смири растечките тензии со Русија, изјави денеска неговиот помошник за надворешна политика. Советникот за надворешна политика Ибрахим Калин рече дека Ердоган ќе отпатува во Украина во следните неколку недели за да разговара со претседателот Володимир Зеленски и дека ќе остане во близок контакт со Русите. САД ја зголемуваат воената помош за Украина додека растат тензиите со Русија Советникот... Читать дальше...
Специјалниот претставник на Европската унија за српско-косовски дијалог, Мирослав Лајчак, на почетокот на февруари најверојатно ќе ги посети Белград и Приштина, според неофицијални информации во Брисел. Од овие извори, Лајчак за време на посетата треба да оствари средба и со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Иако Брисел наведува дека деталите за средбата се уште се подготвуваат, а според прелиминарниот план посетата на Лајчак и Ескобар е планирана за 1 и 2 февруари, додека прва станица би бил Белград. Читать дальше...
Земјите од Европската унија мора да се погрижат блокот да ја дефинира и брани својата безбедносна политика кон Русија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во Европскиот парламент во Стразбур, на почетокот на француското претседателство со ЕУ. „Безбедноста на нашиот континент е неделива“, рече Макрон, мислејќи на Русија. Тој додаде дека Европејците мора да ги дефинираат сопствените безбедносни стандарди и да се погрижат тие да се почитуваат. САД ја зголемуваат воената помош за Украина... Читать дальше...
Турскиот државен нафтен оператор денеска соопшти дека протокот на сурова нафта продолжува преку нафтоводот што ги поврзува ирачките енергетски полиња со меѓународните пазари, пренесе АФП. Експлозијата во вторникот долж нафтоводот Киркук-Џејхан во јужна Турција, ги зголеми меѓународните цени на сурова нафта на највисоко ниво во последните седум години. Нафтоводот вообичаено носи повеќе од 450.000 барели дневно од нафтените полиња во северен Ирак до турското пристаниште во Средоземното Море. ... Читать дальше...
Пандемијата на КОВИД-19 „ни одблизу не е завршена“, изјави шефот на Светската здравствена организација (СЗО), додека омикрон варијантата предизвикува рекорден број на инфекции. Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди против идејата дека варијантата Омикрон претставува помал ризик само затоа што се чини дека предизвикува поблаги симптоми. „Омикрон можеби е помалку тежок, во просек, но наративот дека е лесна болест е погрешен“, рече тој пред новинарите од седиштето на СЗО во Женева. СЗО: ковид-19... Читать дальше...
Додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен е во посета на Украина, администрацијата на претседателот Џо Бајден денеска соопшти дека обезбедува дополнителни 200 милиони долари воена помош за земјата поради зголемените стравувања од руска инвазија, пренесува АП. Висок претставник на американскиот Стејт департмент рече дека помошта била одобрена кон крајот на декември, како дел од напорите на САД да ѝ помогнат на Украина да се заштити. Сепак, американската администрација до денеска одбиваше да коментира. Читать дальше...
Војниците на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ЦСТО) предводена од Русија го завршија своето повлекување од Казахстан, каде беа поканети од владата на оваа централноазиска земја по смртоносните протести во најголемиот град на земјата Алмати, на почетокот на јануари. Рускиот амбасадор во Казахстан, Алексеј Бородавкин и генералот Андреј Сердјуков, кој ја предводеше мисијата на ЦСТО во Казахстан, на 19 јануари изјавија дека „мировната операција“ е завршена и дека „сите“ војници ја напуштиле поранешната советска република. Читать дальше...
Добро е што македонскиот и бугарскиот премиер имаат поинаков вокабулар неоптоварен со историјата и идентитетот, а повеќе зборуваа за економијата, но мора да се биде внимателен со отстапките. Сумирано ова се впечатоците на упатените по средбата на премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.
Истрагата на РСЕ и Current Time, мрежа на РСЕ во соработка со Гласот на Америка, за имотите на семејството на претседателот на Казахстан Токаев откри индиции за испреплетени деловни интереси со поранешниот претседател Назарбаев. Од Марк Крутов, Сергеј Добринин, Андреј Сошников и Јуриј Барнјук
Вршителот на должноста талибански премиер ги повика муслиманските нации да бидат први кои официјално ќе ја признаат владата што ја презеде власта во Авганистан во август 2020 година. „Ги повикувам муслиманските земји да бидат први и официјално да не признаат. Се надевам дека тогаш ќе можеме брзо да се развиваме“, рече Мохамед Хасан Ахунд на конференцијата во Кабул посветена на огромната економска криза во земјата. „Не сакаме ничија помош. Не ја сакаме за официјални лица“, рече Ахунд, мислејќи на дипломатското признавање. Читать дальше...
Иако се ретки, во државата има и примери на фирми кои успешно се адаптирале на пандемијата и постигнале добар резултат. Една гостиварска фирма за чистење и одржување на куќи е доказ дека и во време на пандемија може да се заработи. Властите ветуваат поддршка за компаниите со иновативни идеи
Премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ остро се спротивстави на најавата за формирање малцинска влада и проектот го нарече измама. Малцинска влада предложи вицепремиерот на Кривокапиќ и лидерот на Граѓанското движење на Ура Дритан Абазовиќ. Премиерот Кривокапиќ оцени дека ваквата влада треба да ја поддржат корумпираните политичари на претходната власт од Демократската партија на социјалистите, која сега е во опозиција. „Има само две решенија за излез од турбулентната ситуација. Едната е промоција на актуелната власт. Читать дальше...
Административни сопки, недостаток на податоци и информации за работењето и носење одлуки „на тивко“ без дебата по „ќеиф “ на градоначалникот се само дел од проблемите со кои се соочуваат поголемиот дел од независните советници кои на последните локални избори влегоа во општинскиот систем со желба, како што велат, да го менуваат одвнатре. Ако локалната власт има „комотно мнозинство “ во советот тогаш слухот за барањата на граѓаните кои се претставувани од независните советници е послаб, вели претседателката... Читать дальше...
Претседателите на Турција и Србија Реџеп Таип Ердоган и Александар Вучиќ во Анкара оценија дека соработката меѓу двете земји е одлична и дека зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан е од клучно значење. Говорејќи на заедничката прес-конференција по средбата меѓу двајцата лидери и седницата на Високиот совет за соработка Србија-Турција, Ердоган рече дека поддршката на Србија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина е многу важна за мирот и стабилноста во регионот. Читать дальше...
Јавниот обвинител на Њујорк Летиција Џејмс презеде правна постапка за да го принуди поранешниот претседател Доналд Трамп и двете негови деца, Доналд Трамп, Џуниор и Иванка Трамп, да се појават на сведочење како дел од тековната истрага за финансиските зделки на Организацијата Трамп. „Повеќе од две години, Организацијата Трамп користи тактики за одложување и судски спорови во обид да спречи легитимна истрага за нејзините финансиски зделки“, изјави Џејмс, наведувајќи: „Досега во нашата истрага откривме... Читать дальше...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва ќе му биде домаќин на неговиот ирански колега Ебрахим Раиси. Тоа ќе биде трета посета на Раиси надвор од Иран -- по Таџикистан и Туркменистан -- откако го презеде претседателството во август 2021 година, и прва посета на ирански претседател во Русија од 2017 година. Москва и Техеран имаат силни политички, економски и воени врски и му се клучни сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад во децениската граѓанска војна во неговата земја. Путин... Читать дальше...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Киев каде што ќе се сретне со претседателот на Украина Володимир Зеленски и со министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба. Блинкен потоа заминува за Берлин на состанок со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, по што ќе следи состанок со Трансатлантската четворка во која се вклучени САД, Британија, Франција и Германија. Блинкен „ќе разговара за неодамнешните дипломатски ангажмани со Русија и заедничките напори за одвраќање... Читать дальше...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Европскиот парламент ќе ги претстави насоките и целите на француското шестмесечно претседавање со Советот на Европската унија. Неговиот говор во Стразбур будно ќе го следат и Брисел и другите земји-членки на ЕУ, бидејќи францускиот претседател ќе се обрати во име на сите 27 земји на Унијата, соопшти Елисејската палата. За време на својот говор, Макрон ќе го спомене она што веќе го кажа детално на 9 декември, а идејата водилка е да се зајакне европскиот суверенитет... Читать дальше...
Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус изрази загриженост за здравствените услуги, бидејќи сојот омикрон на коронавирусот „продолжува да го зафаќа светот“. Говорејќи за време на брифингот во Женева, д-р Гебрејезус рече дека имало 18 милиони нови случаи на ковид-19 пријавени во минатата недела. „Бројот на починати засега останува стабилен. Но, ние сме загрижени за влијанието што омикрон го има врз веќе исцрпените здравствени работници и преоптоварените здравствени системи“, додаде тој. Читать дальше...