Комитетот за оружени сили на американскиот Сенат денеска ќе ги сослуша секретарот за одбрана Лојд Остин, претседателот на Здружениот началник на Генералштабот генерал Марк Мили и генералот Кенет Мекензи, началник на Централната команда на САД. На 30 септември, комитетот ќе одржи сослушување за да ги разгледа американските воени операции во Авганистан со сведоци што допрва треба да се утврдат. Претседателот на Комитетот, демократот Џек Рид изјави дека останува загрижен за Авганистан, и покрај повлекувањето на американската војска. Читать дальше...
Последователен земјотрес со сила од 5,3 степени го погоди јужниот грчки остров Крит, еден ден по земјотресот во кој загина најмалку едно лице. Геодинамичкиот институт во Атина денеска соопшти дека последователниот потрес, најсилниот од десетиците што го потресоа островот, бил со епицентар на 22 километри југоисточно од Ираклион, најголемиот град на Крит и четвртиот по големина во Грција. Грчкото министерство за климатска криза и цивилна заштита ги предупреди жителите на областа да избегнуваат згради... Читать дальше...
Бројот на убиства во Соединетите држави се зголеми за околу 30 проценти во 2020 година во споредба со претходната година, што е најголем скок од почетокот на водењето на ваква национална евиденција во 1960 година. Биле извршени 21.570, што претставува зголемување од 4.901 во однос на 2019 година, според податоците објавени од Федералното биро за истраги (ФБИ). Податоците на ФБИ покажаа дека повеќето убиства биле извршени со пиштоли, односно 76 проценти во 2020 година наспроти 73 проценти во 2019 година. Читать дальше...
Кремљ повтори дека секое проширување на воената инфраструктура на НАТО во Украина ќе ја премине една од „црвените линии“ на претседателот Владимир Путин, додека авторитарниот владетел на Белорусија Александар Лукашенко го обвини Вашингтон дека ги користи центрите за обука како маска за поставување бази за западната воена алијанса. Украина, која не е членка на НАТО, но долго време бараше поблиски врски со Западот и нејзините воени сили, веднаш одговори дека таа сама ќе ја одреди сопствената безбедносна... Читать дальше...
Северна Кореја истрела најмалку еден „неидентификуван проектил“ кон морето во близина на нејзиниот источен брег, соопшти денеска јужнокорејската војска. Јапонското министерство за одбрана пак, соопшти дека Северна Кореја можеби истрелала балистичка ракета, но не даде повеќе детали. До ова дојде кога амбасадорот на Северна Кореја во ОН на Генералното собрание во Њујорк изјави дека „никој не може да ѝ го ускрати правото на нуклеарно вооружената земја да тестира оружје„. МААЕ - Северна Кореја „со... Читать дальше...
Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе ја прими третата доза од вакцината против коронавирус, објави Белата куќа. Во Соединетите држави, третата доза на вакцината Фајзер беше одобрена во минатата недела за сите луѓе постари од 65 години и оние кои се изложени на вирус поради работа. 78 годишниот Бајден ги охрабри овие граѓани да добијат дополнителна доза од вакцината. Претседателот на Соединетите држави ја доби првата доза на 21 декември, а втората на 11 јануари, во живо на телевизија со цел да го поттикне населението да се вакцинира. Читать дальше...
„Сајбер-нападите, особено оние од Русија и Кина, можат да ѝ наштетат на Хрватска, додека концептот на таканаречениот „српски свет“ започнат од Србија и поддржан од Русија дополнително го дестабилизира Западен Балкан. Ова го наведува хрватската агенција за цивилно разузнавање која објави редовен годишен извештај во кој се наведени опасностите што ја загрозуваат безбедноста на земјата. „Српски свет“ закана по безбедноста на Балканот? Годинашниот 7-ми извештај ги повторува веќе идентификуваните... Читать дальше...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе допатува во посета на Република Северна Македонија. Фон дер Лајен ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев на платото пред Владата. Според агендата, предвидено е двете делегации да заминат во Младинскиот културен центар, каде што, по настанот предвиден во фоајето на МКЦ, ќе се упатат кон Кино Фросина на заедничка прес-конференција на премиерот Заев и претседателката на ЕК фон дер Лајен. Во годишното обраќање за состојбата на Европската унија пред парламентот на ЕУ... Читать дальше...
Ќе биде променливо облачно и посвежо. На места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, локално (над 20 л/м2) и појава на ретки грмежи. Дневната температура ќе биде од 18 до 26 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 24 степени.