Светската трговска организација пресуди дека Европската унија не го исполнила налогот да ги прекине нелегалните субвенции за компанијата Ербас, поради кои американската влада во октомври воведе царини на скоро 7 ипол милијарди долари европска стока. СТО наведува дека ЕУ не ги презела потребните чекори за да го заврши нанесувањето штета на американскиот Боинг, голем конкурент на Ербас. Унијата најави жалба на пресудата, наведувајќи дека таа била донесена по „сериозни правни грешки“.
По речиси пет месеци откако јавноста беше информирана за истрагата за „Рекет“ започнува судењето за случајот. Во почетокот осомничени беа само Бојан Јовановски и Зоран Милески, но потоа истрагата ја инволвираше и Катица Јанева.
Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека Европската комисија нема авторитет да одлучува дали тој е во судир на интереси или не како премиер кој има влијание врз поделбата на евроспките дотации. Тоа, според неофицијалните информации, го покажува завршниот извештај од страна на Комисијата. Во извештајот се додава дека Бабиш се уште може да влијае врз своето деловно царство иако го пренесол врз доверенички борд. „Европската комисија не е доволен авторитет. Зошто мислите дека ЕК има патент на разум? Нема. Читать дальше...
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша контроверзниот закон со кој се овозможува прогласување новинари и корисници на интернет за „странски агенти“. Овој закон го осудија невладините организации за заштита на човековите права, оценувајќи дека претставува дополнителна опсаност од цензура. Законот кон крајот на ноември беше усвоен од парламентот и стапува во сила веднаш. Министерството за правда од сега ќе може да означи како „странски агенти“ и поединци кои работат за медиуми класифицирани како „странски агенти“.
Судењето за случајот „Рекет“ започнува денеска. На обвинителна клупа во Кривичниот суд, треба да седнат Бојан Јовановски, Зоран Милевски-Кичеец и екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, како обвинети во случајот „Рекет“. Обвинителството го слушна исказот само на Зоран Милески-Кичеец за тоа како се одвивала операцијата за бизнисменот Орце Камчев да не биде гонет од страна на СЈО за случајот „Империја“.
Лидерите на НАТО се собраа денеска во Лондон за да ја одбележат 70-годишнината од основањето на алијансата. Но, растечките тензии меѓу членовите би можеле да ја засени прославата на годишнината.
Денеска во Лондон почнува самитот на НАТО по повод 70 годишнината од формирањето на овој најголем воен сојуз во светот. НАТО се соочува со низа предизвици, па лидерите на Алијансата, освен церемонијалниот дел на прославата, имаат многу теми за кои ќе разговараат: војната во Сирија и односите меѓу двете земји членки на НАТО, САД и Турција, руските воени закани, тероризмот и сајбер нападите. Земјите-членки на НАТО, според очекувањата, ќе ја потврдат гаранцијата за колективна одбрана на Унијата. На... Читать дальше...
Ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде од минс три до минус еден, а дневната од седум до 11 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу минус пет, а дневната ќе достигне до шест степени.
МВР потврди дека во полициската акција вечерва биле приведени две лица поврзани со пукањето во Александар Палас пред два дена, но без да открие повеќе детали. „Изминатото деноноќие полицијата презеде оперативно такитчки активности со цел расветлување на настанот во Александар Палас. Проведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени“, велат од МВР. Читать дальше...