Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против пет лица, меѓу кои и поранешниот градоначалник на Неготино, осомничени за сторени повеќе различни кривични дела за злоупотреба на службената положба и овластување, за несовесно работење во службата, за употреба на исправа со невистинита содржина и за фалсификување службена исправа. МВР соопшти дека кривична пријава е поденсена против В.А.(56) од Неготино осомничен за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“... Читать дальше...
Германскиот Бундестаг утре и официјално ќе даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, а на седницата на покана на претседателскиот на германскиот Парламент, Волфганф Шојбле, ќе присустува и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, објави Дојче веле. Владејачките германски партии ЦДУ и СПД вчера се договориле да се одобри датум за почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија, а се очекува поддршката да ја даде уште најмалку една партија, Зелените. Читать дальше...
Бизнисменот Орце Камчев во изминативе месеци тивко и полека ги напушта бизнисите во земјава. Се повлече од управувањето и стана малцински сопственик на Систина, а претходно се повлече од директорското место во Орка Холдинг.
Поддршка за членството на Македонија и на Албанија во ЕУ искажале шефовите на дипломатиите на Бугарија - Екатерина Захариева, на Грција - Никос Дендиас, на Романија - Рамона Манеску и на Хрватска - Гордан Грлиќ-Радма,н на средбата одржана во Њујорк во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации. Како што соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, првите дипломатии на овие четири балкански земји членки на ЕУ на средбата направиле преглед на европската интеграција на соседните држави кандидати за членство во Унијата. Читать дальше...
На полноќ почнува предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на Косово која ќе трае до 4 октомври. На изборите одат 20 партии, четири коалиции и еден независен кандидат од бошњачката заедница. За 120 места во Собранието се тркаат 1.060 кандидати. Европската унија повика изборниот процес да биде мирен во согласност со меѓународните стандарди. Право на глас имаат 1.937.800 граѓани.
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж дека со Британија, кога ќе излезе од Европската унија, ќе постигне „велчествена“ трговска спогоддба. „Блиску соработуваме со британскиот премиер Борис Џонсон за величенствена трговска спогодба“, изјави тој во Њујорк каде што е во тек 74 годишно заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. На Британија ќе и биде неопходна амбициозна трговска спогодба со САД за да ги надомести штетите од своето излегување од ЕУ.
Либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Косово беше поддржана од Одборот на Европскиот парламент за граѓански слободи. Иако и претходно во европарламентот се гласаше за либерализацијата на визниот режим со Косово, според процедурата, по европските парламентарни избори одржани во мај годинава, на новиот Европски совет му е потребен и нов мандат за преговарање за либерализацијата. На Западен Балкан само на граѓаните на Косово им е потребна виза за патување во земјите од Шенген зоната.
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси од Демократската партија, покрена официјална истрага за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Овој потег, според посматрачите, ќе го продлабочи судирот меѓу Конгресот и Трамп пред претседателските избори и може да доведе до натамошни поделби во земјата.
Претседавачот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси, од Демократската партија, објави покренување официјална истрага која може да води до сменување на претседателот Доналд Трамп. Основата на постапката е сомнежот дека Трамп, настојувајќи да обезбеди реизбор од претседателот на Украина Володомир Зеленски барал да ги истражи тамошните активности на синот на неговиот политички ривал Џо Бајден. Тој во време кога Бејден бил потпретседател на САД наводно бил привилегиран во работењето со Украина. Читать дальше...
Македонскиот премиер Зоран Заев, како дел од своите активности во рамките на Генералното собрание на ОН во Њујорк, оствари средба со премиерот на Белгија, и иден претседател на Европскиот Совет Шарл Мишел. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев го запознал белгискиот премиер Мишел за актуелните активности на Владата поврзани со очекувањата на Европскиот Совет во октомври, Северна Македонија да го добие датумот за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ. Белгискиот... Читать дальше...
Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Утринската температура ќе се движи од 7 до 17, а дневната од 18 до 27 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 11, а дневната ќе достигне до 24 степени.