Обвинителката Елизабета Јосифовска од СЈО денеска најави дека ќе поднесе жалба за пресудата, со која што судот ги ослободи од вина Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан, кои беа обвинети за бесправна градба во случајот „Тревник“. „Во секој случај ќе поднесеме жалба. Тука нема дилема, бидејќи јас стојам на ставот дека обвинението беше издржано, поткрепени со доволно докази и во секој случај жалба ќе следи. Ќе се произнесеме, се надевам дека писмено изработената пресуда ќе даде и дополнителни причини од кои се раководел Судот. Читать дальше...
Судот ги ослободи од вина Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан, кои беа обвинети за бесправна градба во случајот Тревник на СЈО. Судијката Марија Клетничка Марковски, на денешното изрекување на пресудата за „Тревник“, кажа дека делото за кое се обвинети не е кривично дело. Посочи дека тие се товарат оти од јули 2012 до 2013 година спротивно на закон граделе без одобрение во општина Зелениково на сопствено земјиште. Откако започнале со градба поднеле барање за издавање одобрение за изградба на викенд куќа до општината... Читать дальше...
Турските власти најостро го осудија воздушниот напад, кој силите лојални на командантот Калифа Хафтар го извршија врз мигрантскиот камп во близина на главниот град на Либија, Триполи, јави агенцијата Анадолија. „Нападот и убивањето на десетици невини луѓе во кампот, во кој се згрижени непријавените мигранти, е злосторство против човештвото“, истакна портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Хилми Аксој, наведувајќи дека Анкара очекува итна реакција на меѓународната заедница. Најмалку 44 луѓе загинаа... Читать дальше...
Рускиот претседател Владимир Путин за време на денешната посета на Рим ќе разговара со италијанскиот државен врв, а предвидена е и средба со поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск. Официјална Москва соопшти дека очекува поголема економска сореботка со Италија. Најавено е дека Путин ќе го покани папата да ја посети Русија.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Тревник“ на Специјалното јавно обвинителство, каде обвинети се Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд куќи во Зелениково. Од СЈО бараат судот да ги осуди браќата Павловиќ за бесправно градење и да им ги одземе викендичките. Според СЈО, обвинетите делото го сториле со умисла бидејќи иако знаеле дека немаат право на градба, сепак почнале да градат и иако спротивно... Читать дальше...
Новата поставеност на европските највисоки функции може да се каже дека е во корист на Македонија, бидејќи евроскептичните земји и партии кон проширувањето на Европската унија, не добија свои претставници во телата поврзани со приклучувањето на нови членки, сметаат аналитичари од земјава.
Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на најавата на Иран дека наскоро ќе го пречекори максимумот на збогатен ураниум, наведувајќи дека таквите закани можат да му се вратат на Техеран. „Претпазливо со заканите Иран“, напиша Трамп на Твитер. Деновиве Меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека Иран има резерви на слабо збогатен ураниум кои се поголеми од предвиденото со нуклеарната спогодба со светските сили од 2015 година. Трамп во минатата година ја напушти оваа спогодба.
Пет месеци по лутите митинзи во поголемите градови против контроверзниот договор за името со Северна Македонија, ова прашање едвај може да се забележи во кампањата за предвремените парламентарни избори на 7-ми јули. Но, таканаречениот Преспански договор меѓу Атина и Скопје беше многу критична точка за многу гласачи, особено во северниот дел на Грција.
Шесттиот самит на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес продолжува во полскиот град Познањ со состаноци на министрите за економија, надворешни и внатрешни прашања на земјите учеснички, како и со многубројни панели. Во фокусот на состаноците ќе бидат регионалната соработка, поврзувањето и растот на економијата во регионот. Централниот настан на самитот, состанокот на шефовите на државите или владите на земјите учеснички ќе се одржи утре. Покрај Северна Македонија, Косово, Албанија, Србија... Читать дальше...
„Повеќе од 25 години граѓаните на Северна Македонија сакаат да ја видат земјата како го зазема своето место во западните институции. Таа желба ќе стане реалност оваа година. САД со нетрпение очекуваат во наредните месеци да и пожелат добредојде на Северна Македонија како 30 членка на НАТО, а ние исто така силно го поддржуваме и отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ што е можно побргу“. Ова го порача в.д. амбасадорката на САД во земјава Микаела Швајцер Блум на приемот во американската амбасада... Читать дальше...
Претпладне ќе биде сончево и топло, попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде од 10 до 21, а дневната од 27 до 38 степени. Во Скопје и околината слично време: Утринската температура ќе биде околу 20, а дневната ќе достигне до 35 степени.