Добавить новость


World News in Macedonian
Ria.city


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer
Ноябрь
2018

Новости за 21.11.2018

SlobodnaEvropa.mk 

Чавушоглу - Убиството на Кашоги не смее да се игнорира заради бизнисите со Ријад

Убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги не смее да биде игнорирано, само заради зачувување на трговските врски со Саудиска Арабија, изјави во Вашингтон турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Тој денеска во Вашингтон се сретна со неговиот американски колега Мајк Помпео. Чавушоглу истакна дека соработката на Турција со Ријад во врска со истрагата за убиството на Кашоги не е на „саканото ниво“. Тој нагласи дека ако истрагата на Саудиска Арабија за убиството западне во ќор-сокак... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Одбраната ќе поднесе жалба за притворот на Мијалков

Одбраната на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој синоќа беше притворен, најави дека во текот на денов ќе поднесе жалба, бидејќи смета дека без да се повика и сослуша обвинетиот е недозволиво да му се одреди мерка притвор. „Законот за кривична постапка наведува дека секое лице мора да биде повикано и сослушано и после неговата изјава да биде одредена мерка притвор“, изјави Антонио Апастолски, еден од адвокатите кои го браната Мијалков. Појасни дека Мијалков е притворен со образложение дека постои опасност за бегство.

SlobodnaEvropa.mk 

Избран новиот претседател на Интерпол

Ким Џонг Јанг од Јужна Кореја е избран за нов претседател на Интерпол. Негов противкандидат беше Русинот Александар Прокопчук на чиј избор остро се противеа САД, Велика Британија и други европски земји. Мандатот на претседателот е две години. Критичарите на Кремљ и западните земји се противеа на изборот на рускиот генерал Прокопчук, кој сега е потпретседател на Меѓународната полициска агенција. Тие сметаа дека тоа би било опасно, со оглед на обвинувањата дека Москва ги користи процедурите на Интерпол за прогон на политичките противници. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешен банкар ја симнал електронската алка и избегал од домашен притвор во Грција

Поранешниот банкар Жан Клод Освалд, кој во Грција беше обвинет за перење пари, вчера успеал да се ослободи од електронската алка и да побегне од домашен притвор, јавија грчките медиуми. Банкарот е француски државјанин со француско–швајцарско потекло. Тој е обвинет во два големи скандали во Грција, перење пари од митото земено за договорите за вооружување и во скандалот Сименс и се чека судската пресуда. Според медиумите во Грција, преку Освалд одело перењето пари, односно преку него митото било префрлано на сметки на оф-шор компании... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Хан – Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа

Изненадувачки е што Унгарија го поддржува членството на Македонија во ЕУ, но не ја смета за сигурна земја, напиша еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Твитер. „Владеењето на правото е клучен принцип на земјите членки и за кандидатите за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа“, напиша Хан. Тој вели дека ако навистина Унгарија му дала политички азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, „очекува гласно објаснување за нејзините основи од унгарскиот премиер Виктор Орбан“.

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ се уште без датум за дијалогот меѓу Косово и Србија

Во Европската унија се уште нема конкретен датум за продолжување на дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, изјави Маја Коцијанчиќ, портпаролка на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини за Радио Слободна Европа. Претходно шефот на косовската делегација во техничкиот дел на дијалогот Авни Арифи изјави дека српската страна ги напуштила сите активности и оти косовскста страна била подготвена за продолжување на дијалогот. Србија одбива... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Скопје министерски панел за еколошко дејствување на Западен Балкан

Во Скопје денеска ќе биде одржан треттио министерски панел за еколошко и климатско дејствување на Западен Балкан во организација на Советот за регионална соработка. Домаќин на собирот е македонското Министерство за животна средина и просторно планирање. На состанокот ќе стане збор за напредокот во спроведувањето на Бонската министерска декларација во областа на животната средина и климатските промени и за потребата за јакнење на соработката на земјите од западен Балкан.

SlobodnaEvropa.mk 

Во Грција истрага за нацистичките симболи на натпреварот со Естонија

Грчкото обвинителство почна истрага за користењето нацистички симболи од страна на домашните навивачи во текот на фудбалскиот натпревар со Естонија што се одржа во Атина во рамките на Лигата на нации. Фотографиите од неделниот натпревар на Олимпискиот стадион покажуваат мала група грчки навивачи со знаме со нацистички симбол. „Треба да се преземат сите можни мерки за да се спречат ваквите испади“, изјави министерот за спорт Јоргос Василидис. Естонија победи во тој натпртевар со 1 спрема 0. Десниот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп одговори во истрагата за руското мешање

Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп соопштија дека тој во писмена форма одговорил на прашањата на специјалниот советник Роберт Мулер за наводното мешање на Русија во изборите во 2016 година.

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп: ЦИА се уште нема конечен заклучок за убиството на Кашоги

Американската Централно разузнавачка агенција ЦИА не успеала со сигурност да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Неколку часа претходно Трамп рече дека не ја исклучува можноста за вмешаност на престолонаследникот, но со забелешка дека тоа нема да влијае врз „беспрекорните односи“ меѓу САД и Саудиска Арабија. 59 годишниот Кашоги, критичар на саудиските власти кој пишувал за Вашингтон пост бил убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул.

SlobodnaEvropa.mk 

Во Скопје шефовите на дипломатиите на Данска и на Црна Гора

Во Македонија денеска ќе престојуваат министрите за надворешни работи на Данска, Андерс Самуелсен и на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ. Тие ќе имаат средби со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на кои, меѓу другото ќе се разговара за зајакнување на билатералната соработка. Предвидено е по средбите да бидат одржани прес конференции.




SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска: облачно и врнежливо

Во Македонија претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни, а во југоисточните делови проследени со грмежи. Во текот на денот врнежите ќе престануваат, а облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 10, а дневната од 6 до 15 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 12 степени.


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus