На 19 дена до референдумот закажан за 30 септември ВМРО-ДПМНЕ одлучува за својата позиција. Според аналитичарите, иако има четири опции, најверојатно партијата ќе одлучи да го повика членството да се изјасни по сопствено убедување.
Судиите од Кривичниот суд и обвинителите на СЈО денеска направија увид на возило кое е дел од доказен материјал за случајот „Монструм“, за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, заедно со обвинителите на СЈО Фатиме Фетаи и Огнен Бубевски извршија увид на возилото „опел омега“, за кое се смета било употребено за бегство на осомничените по убиството на четрите момчиња и рибарот на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро. Увидот на возилото беше извршен... Читать дальше...
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во своето обраќање пред Европскиот парламент истакнувајќи ги дипломатските успеси на неговата влада во регионот, Преспанскиот договор го нарече „врвот на нашите успеси.“ „Со премиерот Заев од ПЈРМ успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог, овој договор може да биде модел за решавање на споровите во нашиот регион“, изјави Ципрас пред европратениците. Прспанскиот договор го поздрави и Европската комисија. Читать дальше...
Американскиот сенатор Рон Џонсон, кој е претседател на Комитетот за внатрешна безбедност, по посетата на Македонија замина за Косово и Србија. Во Белград тој даде интервју за Радио Слободна Европа, во кое меѓу другото порача дека Приштина и Белград треба да го следат примерот на Македонија и Грција во решавање на меѓусебниот спор.
Американците ќе ја одбележат 17-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, со свечени комеморации планирани на местото на Светскиот трговски центар во Њујорк, Пентагон и Вашингтон. Илјадници се очекува да присуствуваат на церемониите. Претседателот Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија ќе патуваат во Шенксвил, Пенсилванија, каде четвртиот од авионите се урна во поле, откако патниците влегоа во пилотската кабина и ја преземаа контролата врз авионот од киднаперите. Вкупно 40 лица загинаа во таа несреќа. Читать дальше...
Косовскиот претседател Хашим Тачи вети дека ќе ги продолжи напорите за постигнување договор за размена на територии со Србија. Тој ова го изјави по средбата во Приштина со претставници на етничките Албанци од српските општини Прешево, Бујановац и Медвеѓа.
„Светот има уште две години да дејствува против климатските промени за да не се соочи со катастрофални последици“, предупреди генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш и побара од граѓаните да бараат од светските лидери да полагаат сметки во врска со тоа. „Доколку не го смениме сегашниот тек до 2020 година ризикуваме катастрофални последици по луѓето и природните системи кои не одржуваат“, рече тој три дена пред светскиот самит за климата што ќе се одржи во Сан Франциско.
Американскиот претседател Доналд Трамп добил „многу топло и позитивно писмо“ од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во кое тој наведува дека сака да организира „нова нивна средба“, соопшти Белата куќа. „Ние сме отворени за тоа и веќе се координираме за тој самит кој би бил втор по историската средба на 12 јуни во Сингапур“, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс. Таа оцени дека воената парада во Пјонгјанг без интерконтинентални ракети била знак на доверба во процесот за денуклеаризација на Северна Кореја. Читать дальше...
Договорот со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за користење на 100 милиони евра за мали и средни претпријатија ќе биде потпишан денеска меѓу Министерството за финансии, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и ЕИБ. Фирмите веќе од октомври ќе можат со проекти да аплицираат за 100 милиони евра евтини кредити од ЕИБ. Пласманот ќе се врши преку домашните комерцијални банки. Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека оваа кредитна линија ќе овоможи реалзација на нови проекти, нови вработувања... Читать дальше...
Соединетите држави се заканија со воведување санкции против судиите и обвинителите на Меѓународниот кривичен суд доколку гонат Американци, Израелци или други сојузници на Вашингтон. „Ќе им забраниме на тие судии и обвинители влез во САД. Ќе преземе санкции против нивниот имот во американскиот финансиски систем и ќе покренеме судски постапки против нив во нашиот судски систем“, изјави Џон Болтон, советник занационална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој го обвини Меѓународниот... Читать дальше...
Помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел в четврток ќе допатува во Македонија на средби со македонскиот премиер Зоран Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти Стејт департментот. Претходно Мичел ќе престојува во Грузија каде што ќе учествува на Меѓународната конференција во Тбилиси и ќе ја изрази американската поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија.
Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде 19 до 30 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 27 степени.