Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека очекува Косово годинава да постигне историска спогодба со Србија која не би морала да значи признавање на независноста, но која на Приштина ќе и овозможи место во Обединетите нации. Тачи во интервју за новинската агенција Ројтерс наведува дека спогодбата ќе донесе целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Тој додаде дека основањето на Специјалниот суд за злосторства на Ослободителната војска на Косово е „историска неправда“, но оти Косово... Читать дальше...
Холандскиот парламент и изгласа доверба на владата на премиерот Марк Руте само неколку часа откако шефот на дипломатијата Халбе Зејлстра поднесе оставка на функцијата. Тој претходно призна дека лажел оти присуствувал на еден собир во 2006 година на кој домаќин бил рускиот претседател Владимир Путин. Зејлстра рекол дека на тој состанок лично слушлал оти Путин зборувал за планот да создаде Велика Русија во Европа. Гласањето за доверба го покрена пратеникот на Слободарската партија Герт Вилдерс кој... Читать дальше...
На планинскиот превој Ѓавато изутрина во седум часот е укината забраната за тешки товарни возила. Од шест часот изутрина повторно е во целосен прекин сообраќајот на патот Маврово - Дебар, поради снежната лавина што падна синоќа околу 18 часот кај Бигорскиот манастир, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – село Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато. Читать дальше...
Десетина руски наемни војници биле убиени во американски воздушен напад во Сирија, објавија некои руски медиуми. Новинската агенција Асошитед прес оцени дека тоа би можело дополнително да ги зголеми тензиите меѓу Русија и САД. Официјални претставници на Москва и Вашингтон не се изјаснија во врска со инцидентот кој би можело да претставува непријатност за двете земји ако се покаже за точно дека руски наемни војници биле дел од единицата која нападнала американски војници. До овој инцидент дошло во минатата недела. Читать дальше...
Израелската полиција препорача покренување обвинување против премиерот Бенјамин Нетанјаху за два случаја на поткуп. Тој пак тврдењата ги оцени како неосновани и најави дека ќе остане на функцијата.
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека цел свој живот работел за Израел и најави дека ќе остане на таа функција и покрај тоа што израелската полиција препорача против него да биде покренато обвинување за два случаја на корупција. „Таквите препораки не значат ништо во демократско општество“, рече Нетанјаху во телевизиското обраќање до нацијата, додавајќи: „Се што правев беше за земјата, а не за цигари од пријатели и за подобро медиумско покривање. Тој повторно одрече дека примал скапи... Читать дальше...
Премиерите на Грција и на Турција Алексис Ципрас и Бинали Јилдирим синоќа телефонски разговарале за грчко турската криза на Егејот, околу малите ненаселени острови кај кои почнаа да се собираат бродови на крајбрежната стража на двете земји. И Атина и Анкара велат дека островите се нивни. Грчките медиуми јавуваат дека Ципрас и Јилдирим разговарале за „турската провокација“, додека турските го тврдат спротивното, оти Грција ја провоцира Турција. До разговорот дошло по барање на Анкара при што, според грчките медиуми... Читать дальше...
Во Македонија ќе биде променливо облачно. Во текот на денов ќе има сончеви периоди. Во крајните западни делови со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 1 до 10 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 7 степени.