Министерството за надворешни работи на Русија „со длабоко жалење констатира дека сегашното раководство на Црна Гора и неговите западни ментори не го послушаа гласот на разумот и совеста“, се вели на почетокот на коментарот на рускиот дипломатски ресор по повод едногласната одлука на Собранието на Црна Гора за влез на земјата во НАТО.
Читать дальше...
Претседателот на Русија Владимир Путин и канцеларката на Германија Ангела Меркел на состанокот на 2 мај во Сочи ќе разговараат за клучните меѓународни проблеми, вклучувајќи ги борбата против тероризмот, ситуацијата на Блискиот Исток и реализацијата на „Минската спогодба“, соопшти прес-службата на Кремљ.
Читать дальше...
Во научниот журнал „Наука“ (Sciencе) е објавен труд во кој се вели дека научниците се стекнале со вештина за издвојување на ДНК на прачовек и неговите предци и од археолошките слоеви во кои не се пронајдени скаменети остатоци.
Читать дальше...
Патријархот Московски и на цела Русија и папата Франциск се договориле во текот на историската средба во февруари минатата година во Хавана за пренесување на моштите на Свети Никола Чудотворец од италијанскиот град Бари во Русија (21 мај – 28 јули), соопшти претседателот на Синодското одделение за надворешни црковни работи митрополитот Волоколомски Иларион.
Читать дальше...
Авторската екипа која го подготви видеото за годинешното натпреварување во Киев изјави дека била во временски теснец и дека се концентрирала на најзначајните места.
Читать дальше...
Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и овој петок организира интересен настан. Имено, станува збор за предавање кое е посветено на 72-годишнината од победата над нацистичката Германија и 75-годишнината од Сталинградската битка.
Читать дальше...
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко уверува дека заедничките со Русија воени вежби „Запад“ не претставуваат опасност за Украина. Ова претседателот на Украина Петро Порошенко го изјави во текот на неговиот говор пред граничарите во Киев на 28 април.
Читать дальше...Министерството за надворешни работи на Русија реагираше денеска со коментар на вчерашните настани во Македонија. Го пренесуваме коментарот во целост“.
„Длабоко сме загрижени од последните настани во Република Македонија. На 27 април опозицијата која загуби според резултатите на парламентарните избори фактички изврши обид за насилно земање на власта во земјата, иницијативно избирајќи претседател на Собранието (парламентот) со грубо кршење на утврдените процедури. Како резултат на настанатата тепачка со учество на демонстрантите... Читать дальше...
Оваа година на Црвениот плоштад ќе минат над 100 возила. Ќе има и тенкови Т-90 и најновиот Т-14 „Армата“, самоодечки хаубици „Мста-С“, оклопни возила „Тигр“, ракетни комплекси „Јарс“ и многу други.
Читать дальше...
Протестите во Македонија, кои завршија со тоа што вознемирените претставници на коалицијата „За подобра Македонија“ влегоа во зградата на парламентот, со сета очигледност ја демонстрираат штетноста на политиката на протекционизам, менторство и грубо мешање во внатрешните работи на Македонија и другите балкански земји, кои ги спроведуваат САД, НАТО и ЕУ во тој регион. Такво мислење изрази заменик-секретарот на Генералниот совет на „Единствена Русија“, член на комитетот на Државната Дума за меѓународни работи Сергеј Железњак. Читать дальше...
Соопштението на екстремистичката група „Катибат ал Имам Шамил“ („Баталјон на имамот Шамил“), која на себе ја зеде одговорноста за санктпетербуршкиот терористички напад, се појави на 14 април на еден од мавританските сајтови. Според информации од медиумите, овој ресурс често го користат џихадистите.
Читать дальше...
„Ништо не решивме на таа средба“, изјави Тилерсон, истакнувајќи дека Русија треба да стане „позитивен дел“ од светскиот поредок, а не „субверзивен“, пренесува „Взгљад“.
Читать дальше...
Белата куќа ја смета наводната изолација на Русија во ООН за едно од постигнувањата на претседателот на САД Доналд Трамп во првите 100 дена од неговото претседателствување. Ова се вели во изјавата на Белата куќа за наводните успеси што ги постигнал Трамп во сферата на безбедноста за првите три месеци од неговото владеење.
Читать дальше...