Собранието повторно ги усвои законите од правосудството и Законот за прекин на бременоста кои се во интерес на државата и нејзините граѓани, објави СДСМ преку соопштение. Владејачката партија наведува дека Собранието повторно ги изгласа законите што се во интерес на државата и граѓаните, а кои биле намерно блокирани од Ѓорге Иванов. Од партијата посочуваат дека станува збор за исклучително важни закони кои се важен чекор и услов за нашите евроинтеграциски процеси.
"Со Законот за прекинување на бременоста, не само што се враќа правото на жената на самостојна одлука туку и се обезбедува безбеден абортус, што не беше случај во минатото. Усвоените закони за Судски совет, за управните спорови и за судови се дел од реформите во судството кои се нужни." велат од СДСМ
Освен зајакнување на правосудниот систем со овие закони се постигнува напредок во реформскиот процес, важен за евроинтегративниот процес на државата, дополнуваат од СДСМ.