Украинската владејачка парламентарна коалиција се распадна откако партијата Народен Фронт ја напушти, соопшти собранискиот спикер Андриј Парубиј. Претходно лидерот на партијата Максим Бурбак најави дека Народен Фронт ќе се повлече од владејачката коалиција.
Народен Фронт е втора по големина партија во Парламентот, а нејзиното повлекување е на три дена од инаугурацијата на новиот претседател Володимир Зеленски. Согласно Уставот, Парламентот сега има рок од 30 дена да формира ново владино мнозинство.