Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека идејата за поделба на Косово е стара еден век и дека „доаѓа од српската кујна“, објави српската државна телевизија РТС.
„Идејата за границите на Вучиќ, Дачиќ и кој и да бил, е стара еден век и тие речиси цел век ја спремаат идејата за поделба на албанската територија“, рече Харадинај и додаде оти сега верува дека тие разбрале „дека никој не може да ја подели косовската територија“.