Пакистанските власти и ММФ ја започнаа последната рунда од преговорите за спасувачкиот пакет од 8 милијарди долари за земјата во услови на продлабочување на економската криза. Пакетот се очекува да биде потпишан наредниот месец.
Целта на преговорите, според властите, е да се одредат условите за тригодишниот план. ММФ претходно соопшти дека економскиот раст на Пакистан од 5 отсто се очекува оваа година да биде 3 проценти. Инфлацијата во земјата беше над 9,4 отсто во март, највисока од 2013 година.