По случајот на поставувањето на знамето на Албанија на Самоиловата тврдина во Охрид од МВР информираат дека знамето било поствено од лица кои се претставиле како членови на фолклорна група и додаваат дека нивни претствници веднаш излегле на терен и го тргнале знамето.
Две лица се повикани во полициска станица, велат од МВР и додаваат дека се работи на расчистување на случајот.
Како што се дознава лицата кои го поставиле знамето наводно сакале да се сликаат.
Дел од медиумите објавија дека фолклорна играорна група од Косово утрово го поставила знамето на Р.Албанија на Самоиловата тврдина во Охрид.