Осум лица поднеле кандидатура за претстојните претседателски избори во Казахстан, вклучувајќи го и актуелниот шеф на државата. Касим Зомарт Токаев, соопшти Централната изборна комисија. Владејачката партија Нур Отан го номинираше Токаев, кој се очекува да победи на изборите, бидејќи останатите кандидати или се релативно непознати политички фигури кои се номинирани од провладините партии и групи или пак немаат доволно време за кампања до изборите.
Единствената регистрирана партија во земјата кој се смета за опозициска, Националната социјалдемократска партија донесе одлука да ги бојкотира изборите, кои ќе се одржат на 9 јуни.