Владејачката Социјалистичка работничка партија на Шпанија на премиерот Педро Санчес освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори, но за формирање влада ќе и биде потребна поддршка од други партии. Според досега преброените гласови, социјалистите освоиле 29,3 насто и за формирање влада ќе им биде потребна поддршката на левичарската коалиција Унидас подемос која има 14,2 проценти, но и на каталонските сепаратистички и на баскиските националитсички партии. Во парламентот за прв пат од 1982 година ќе се најде и крајната десница која освои 10 насто од гласовите.