Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека на самитот во Берлин по покана од германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон Косово нема да дозволи размена на територии, но оти е право на Албанците од Прешевската долина да се присоединат со Косово. Покрај Тачи на денешниот самит во Берлин ќе учествува и премиерот на Косово Рамуш Харадинај.