ДУИ прогласи победа во трката за градоначалник во Дебар
„Мојата канцеларија ќе биде отворена за секого, независно дали гласал или не за мене. Ние сме сите дебарчани и сите му посакуваме добро на нашиот град и општина. Ветувам дека максимално ќе се заложам да ги реализирам сите мои ветувања,со цел да ја намалиме миграцијата на младите и да го претвориме Дебар во европски град, изјави Дука.
Тој на последните локални избори, во 2017 година, беше дел од кандидатската листа на ДУИ и беше избран за советник во Советот на општината, по што стана и вршител на должноста градоначалник на Дебар. Предвремени локални избори во Дебар се одржаа откако почина претходниот градоначалникот Ружди Љата.