Во Охрид до 17 часот гласале 44,6 отсто од граѓаните со право на глас
Според ОИК, изборниот процес во Охрид се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера, а до комисијата досега не се пристигнати информации за изборни нерегуларности.
Граѓаните денеска гласаат на шестите претседателски избори, а граѓаните на Охрид избираат и нов градоначалник. Во Охрид се гласа на 88 избирачки места.