Тетово со 19,83, а Желино 10,06 отсто излезност до 15 часот
И Општина Брвеница бележи 20,9 проценти излезеност на 24-те избирачки места каде ќе може да гласаат вкупно 15.268 граѓани. Општина Тетово бележи 19,83 отсто, а Теарце 15,48 отсто од граѓаните кои дошле до избирачките места да гласаат.
Најмала излезност во тетовско има има во општините Боговиње и Желино. Во Боговиње од 27.501 гласачи гласале само 12,12 отсто, а во Желино 10,06 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список.