Претставникот на талибанците нема да присуствува на мировните преговори
Според нив, Мулах Абдул Гани Барадар нема да отпатува за Катар, бидејќи имал потешкотии во обезбедувањето на патна исправа, но имало и несогласувања околу тоа која треба да биде неговата улога во преговорите.
Американските претставници сакаат да се сретнат со Барадар во надеж дека тој ќе придонесе за нов импулс и за отворање на тешките прашања кои го отежнуваат постигнувањето на договор со авганистанските власти.