Манчевски ги повика блиските и на власта и на опозицијата да се повлечат од работа
“Ги повикувам сите и од власта и од опозицијата, нагласувам и многуте илјадници од опозицијата. Сите податоци, и за едните и за другите, ќе ги доставиме до Државната комисија за спречување на корупцијата”, најави Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за новиот закон за инспекциски надзор.
Прашан зошто во изминатите две години не алармирале за вработувањата на блиски лица до функционерите од поранешната власт, Манчевски рече дека со години наназад реагирале и објавувале такви информации, но јавноста не била толку гласна, а не реагирале ниту функционерите, ниту Антикорупциската комисија.